Мистериозни сонувачки: Откријте сѐ за девојките родени во знакот Риби

Мистериозни сонувачки: Откријте сѐ за девојките родени во знакот Риби

Нежна, грижлива, сензуална, сензибилна, интуитивна, интровертна, пожртвувана, сочувствителна, сентиментална, дружељубива, топла, романтична, лојална, фантазер – сите овие особини ги красат жените Риби. Нејзината мисија на овој свет е да им помага на другите. Исклучително е чувствителна на потребите на другите – во денешниот свет на земање, неа ѝ е поважно да дава, но не дозволува кој било да ја искористува нејзината добрина и вечната подготвеност да помогне. На прв поглед изгледа смирена, но во својата природа крие голема страст и чувствителност.

3-misteriozni-sonuvachki-otkrijte-sѐ-za-devojkite-rodeni-vo-znakot-na-ribi-www.kafepauza.mk_

Љубопитно набљудува и анализира сѐ што се случува околу неа, но и она што се случува во луѓето и во сето тоа бара подлабока смисла. Животот без духовност за Рибите не може да се замисли. Таа е најголемиот сонувач во целиот зодијак, и способна е многу брзо од реалниот свет да побегне во сопствениот свет на соништа во кој може да биде сѐ што ќе посака. Некои сметаат дека така бега од своите проблеми, други пак веруваат дека пронашла креативен начин на кој се носи со проблемите.

Љубов и секс

Ништо друго не ѝ дава на жената Риби поголемо чувство на целост од тоа кога е заљубена. По природа е срамежлива и нема ништо против тоа да има доминантен партнер, односно да биде „покорна“ во љубовната врска. Најголема среќа за неа е да угодува на саканата личност. Тајното оружје на Рибите во заведувањето е дека изгледаат недостапни и резервирани, бидејќи знаат дека така ќе делуваат мистериозно и ќе направат нивниот додворувач да ги сака уште повеќе.

Пацифист е, односно сака опуштени љубовни врски во кои нема потреба за караници и препреки. Нејзин идеален партнер е оној кој ја инспирира, штити, и кога е потребно, да ја спушта на земја од своите фантазии. Великодушна е и емоционално и сексуално, па и во креветот ќе сака да му угоди на партнерот. Нејзината страст дополнително ќе ја разгорат свеќите, ливчињата ружи по креветот, сензуалната музика, односно сето она кое ќе придонесе за романтична атмосфера во спалната соба.

Пријателство

Таа е лојална пријателка на која добрината и среќата на луѓето кои ги сака ѝ се поважни од сопствената добрина и среќа. Жената Риби секогаш е тука за своите пријатели и кога било таа ќе им биде потпора и рамо за плачење. Таа е најгрижливиот пријател кој некој може да го има.

Благодарение на силно изразената интуиција ќе знае како нејзиниот пријател се чувствува пред тој самиот да ги сфати сопствените чувства. Но, одеднаш може да изгледа како да ги избегнува своите пријатели! Тоа не треба да го сфатите лично. Всушност, на Рибите им треба време и за себе, а бидејќи тешко велат „не“, подобро само ќе се повлечат отколку на својот пријател да му кажат „не“. Откако ќе ја задоволат својата потреба за самотија, повторно со раширени раце ќе ги дочекаат луѓето за кои најмногу се грижат.

Изглед

Она што прво ќе го забележите на жената Риби е шармантната насмевка, волшебно големите поспани очи, скоро хипнотизирачкиот поглед и мелодичниот глас. Често изгледа замислено и како да гледа во далечина. Таа има просечна висина и градба, а не е невообичаено и жената Риби да има некој килограм повеќе што е само дополнителен плус за нејзината женственост и сензуалност.

Целиот нејзин надворешен изглед дава впечаток на мистериозност, благонаклоност и смиреност, а способна е да изгледа поразлично секојпат кога ќе ја видите. Може да има необични или чудни стапала кои ѝ се и најрамната точка на телото, поради кои треба внимателно да ги чува. Обично доста долгата и свиленкаста коса е нејзината гордост и луѓето често ја молат да не се пострижува.

5-misteriozni-sonuvachki-otkrijte-sѐ-za-devojkite-rodeni-vo-znakot-na-ribi-www.kafepauza.mk_

Стил

Поради нејзината етеричност и љубовта кон разлетаните работи кои не ја попречуваат, но и припадноста на групата на водени хороскопски знаци, жената Риби сака да изгледа како морска сирена. Во нејзиниот гардеробер преовладува облека од меки и проѕирни материјали како што се памук, тул и свила, а го носи само она во коешто се чувствува удобно и скоро е невозможно да ја видите во премногу струкирана и сериозна облека. Всушност таа сака стил каква што е таа самата – лишен од грубост и строгост.

Обвиена со својата етеричност, жената Риби често воопшто не е свесна колку всушност е секси. Она во кое сака да претерува се модните детали, а нејзини фаворити се украсите од бисерни школки и сето она што има светки и што сјае. Обожава накит кој се носи на необични места, како што се украсите за нога, прстените за ножни прсти и нетипичните украси за коса. Совршено ѝ прилегаат сите бои на морето – сина, зелена, тиркизна… Фанатична е кон обувките кои често и ги собира. Поголемиот дел од Рибите имаат прекрасна коса, па затоа им одговараат различни фризури и бои на коса.

Стил на купување

Таа најмногу ужива во купување козметички производи за нега и хигиена, беспрекорно е запознаена со понудите во маркетите, поради што секогаш ќе знае да им даде совет на другите што да купат за украсување на бањата. Нејзините омилени места за купување се нетрадиционалните, модерни трговски центри, односно местата со егзотични и еклектички работи, па не е реткост да ја видите како купува од сајтови. Кога е на шопинг, сака да чепка по работите и сѐ да прегледа со цел да пронајде нешто необично или оригинално.

Најпознатата стилска икона во знакот Риби

Провокативна и дрска, а сепак нежна и сензуална, поп принцезата Ријана на 20 февруари го славеше својот 29 роденден. Со знакот на Рибите владее планетата Нептун која се поврзува со гламурот, уметноста и создавањето илузија, а зарем сето ова не ја опишува токму оваа славна ѕвезда? И покрај тоа што сака да провоцира со своите разголени модни комбинации, како што и самата признала, гордо го покажува своето убаво, сензуално тело. Таа е една од медиумски најследените ѕвезди, но и покрај сè, Ријана успеала да ја сочува онаа доза мистериозност која е типична за Рибите.

6-misteriozni-sonuvachki-otkrijte-sѐ-za-devojkite-rodeni-vo-znakot-na-ribi-www.kafepauza.mk_

Ријана ја красат и прекрасни „поспани“ очи, исто така, кои се типични за Рибите, а волшебни очи имала и уште една дама која е родена во знакот Риби – Елизабет Тејлор. Рибите со вродена нежност и топлина зрачат, а за тоа најдобар пример се и Ева Лонгорија, Дру Баримор, Ева Мендез, Наталиа Водианова, Каролина Куркова, Емили Блант и Џенифер Лав Хјуит. Парфемите кои се како создадени за жената Риби мирисаат на солена вода, гарденија и маргаритка, како што е „Daisy“ од Марк Џејкобс, „Diorissima“ од Кристијан Диор и „Crystal Noir“ со потпис од Версаче.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар