Како изневеруваат хороскопските знаци?

Можете ли да насетите ако вашиот партнер ве изневерува? Дали можеби сте забележале некои знаци кои укажуваат на тоа дека ве изневерува? Се надеваме дека немате и дека нема да имате такви проблеми во иднина.

kako-izneveruvaat-horoskopskite-znaci-kafepauza.mk

За секој случај ви го претставуваме овој хороскоп чисто за забава, но и за да дознаете како знаците од Зодијакот се однесуваат кога се неверни.

Овенот станува кавгаџиски настроен

Ако Овенот ве изневерува, тоа значи дека не му посветувате доволно внимание, а тоа може да го направи и поради одмазда доколку е многу повреден. Кога тие ќе ве изневерат, стануваат вознемирени. Мажите без причина ќе ве нападнат вербално, а жената Овен ќе ви дава приговори во врска со изгледот, често ќе почнува да се расправа и ќе ви кажува дека не сте исти како порано. Ако одат да се најдат со љубовникот или љубовницата, брзо ќе истрчаат низ врата.

Бикот ги менува своите навики

Припадниците на овој знак изневеруваат поради рутината во односот, но и како резултат на силна сексуална привлечност кон некоја нова личност. Иако вешто ги сокриваат чувствата, кога изневеруваат, Биковите откриваат изненадена и претерана грижа за својот изглед (купуваат нова облека или често одат на фризер или во теретана). Тие прават голема промена во навиките, често излегуваат и го сокриваат својот мобилен телефон, што е доволна причина за да имате сомнеж.

Близнаците секогаш имаат алиби

Близнаците изневеруваат кога нема шанси да се дознае за тоа, или ако не им е грижа за врската која ја имаат. Кога изневеруваат, тие се мудри, брзо мислат и внимаваат на секој потег. Често ги користат своите пријатели како алиби. Уверени се дека не можете да откриете дека се неверни, па со тек на време се опуштаат. Ако ги изненадите и набрзина им поставите замка од неколку вкрстени прашања, ќе ги збуните и така ќе ја откриете нивната неверност.

Ракот се оддалечува од партнерот

Нема некоја универзална причина поради која Раковите изневеруваат, но една работа е сигурна кај нив – тие не сакаат да ја изгубат сигурноста кај партнерот, но ни кај љубовникот. Неверството кај Раковите го откриваат нивните чести изговори дека се уморни и презафатени со обврски. Често одбиваат секс и така емотивно се оддалечуваат од партнерот. Ако почнат неумерено да трошат пари, тогаш бидете внимателни.

Лавот му угодува на партнерот

Припадниците на овој знак најчесто изневеруваат поради сексот и возбудата. Кога тоа го прават, пред партнерот глумат дека сè е во ред. Стануваат совршени партнери, па Лавот ќе ѝ угодува на својата драга на секој можен начин, а Лавицата на својот сопруг ќе му ги подготвува најомилените јадења и секогаш ќе биде убаво облечена. Лавовите нема да го признаат неверството дури и ако ги фатите на дело, а може и да ве нападнат што воопшто сте помислиле на тоа.

Девицата го напаѓа својот партнер

Девицата најчесто се впушта во неверство затоа што е разочарана од својот партнер и всушност повеќе не сака да биде во таа врска, но сè уште нема смислено како да излезе од неа, па остава тоа да го направи другата страна. Кога изневеруваат, секогаш ќе имаат алиби за сè, но ќе станат многу критични и иронични и постојано ќе ги истакнуваат вашите недостатоци. Ако жената Девица почне да одбегнува секс, тоа е доволна причина за сомнеж.

Вагата се однесува како заљубен тинејџер

Припадниците на овој знак воопшто не се имуни на неверство, а во тоа се впуштаат исклучиво ако се заљубат. Кога изневеруваат, тие се однесуваат буквално како заљубени тинејџери. Постојано се средуваат, се тушираат и преслекуваат, а нивното расположение е на високо ниво. Ќе направат сè за да го сокријат неверството, а ако партнерот дознае за тоа, ќе му речат дека се работи само за флерт.

Скорпијата тоа го прави плански и смирено

Скорпиите изневеруваат од многу причини, а кога ќе се осудат да го направат тоа, тоа кажува само една работа – сигурни се дека никогаш нема да откриете, затоа што се уверени во своите способности за прикривање. Тие изневеруваат доста мудро и смирено. Мажите редовно ќе спијат со својата партнерка и нема да го изгубат интересот кон неа, а жените родени во овој знак ќе ги издаде заљубениот поглед.

Стрелецот ќе постане зборлест

Тие изневеруваат кога веќе не се среќни со партнерот и кога им недостасува физичка привлечност. Ќе ги откриете по нивното често филозофирање. Машките припадници на овој знак ќе повторуваат како врската станала монотона, а женските Стрелци нема ништо да му забрануваат на својот партнер и ќе зборуваат за рамноправност. Пред партнерот да ги потврди сомнежите со докази, Стрелецот сам ќе го признае неверството.

Јарецот изневерува, но не долго

Јарците изневеруваат ако партнерот постојано ги зема здраво за готово и ако се чувствуваат лошо во врската. Тогаш се впуштаат во афера која ќе им донесе сигурност и утеха. Кога се неверни, тоа може да значи крај за дотогашната врска, затоа што многу им смета тоа што се растргнати на две страни. Ако се работи за кратка авантура, нивниот партнер најверојатно никогаш нема да дознае.

Водолијата се издава

И мажите и жените Водолии не изневеруваат често, но ако почнат паралелна врска, тоа скоро и ќе му го нацртаат на својот партнер. Стануваат многу незаинтересирани за врската, кажуваат двосмислени изјави за иднината, предлагаат отворена врска или бараат пауза. Жената Водолија ќе кажува дека ѝ треба повеќе дружење и дека врската почнала да ја загушува, а на секое прашање за неверство, таа ќе реагира дефанзивно.

Рибите не се доследни

Рибите можат да сакаат повеќе партнери истовремено и да се однесуваат исто кон сите. Лесно знаат да се изгубат во своите лаги, а најдобро ќе ги откриете ако малку се опијанат. Тогаш ќе прозборат за сè, а наредниот ден ќе негираат сè што кажале. Ако партнерот им покаже доказ, тие ќе реагираат хистерично и ќе паднат во депресија, но сепак нема да го остават.

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар