Астрологијата ја открива тајната за освојување на секој хороскопски знак

Некои личности е потешко да ги придобиете, особено ако не ги познавате доволно за да знаете што сакаат, а што не. Наместо да правите работи кои му се одбивни на момчето што ви се допаѓа, хороскопскиот знак може да ви помогне со некои едноставни совети. Пронајдете го неговиот знак и погледнете што треба да правите доколку сакате оној по кој копнеете да биде ваш.

Еве што треба да направите според неговиот хороскопски знак, за тој да ви стане момче

Овен

Престанете да му испраќате пораки за флертување. Не му кажувајте дека ви недостига, ако не планирате состанок. Погледнете го во очи и кажете му да ве одведе во кино. Да, гледајте го директно во очи, затоа што за Овенот ништо не е посекси.

Бик

Купете му подарок, а тоа нека биде нешто мало, како на пример неговото омилено чоколадо, приврзок или маска за телефон во неговата омилена боја, кое ќе му покаже дека внимавате на него. Тоа ќе направи да сфати колку е среќен што покрај себе има некој како вас.

Близнаци

Користете го вашиот талент како ваша предност. Ако свирите на некој инструмент, поканете го да ја гледа вашата изведба. Ако обожавате да пишувате, испратете му некој ваша приказна. Ако пеете, однесете го на караоке забава. Дозволете му да ве види какви сте додека сте во акција.

Рак

Раковите сакаат љубов. Ако тој е сингл, тогаш најверојатно сака да биде во љубовна врска. Токму затоа, треба да му кажете дека би бил одличен дечко, дека секоја девојка би била среќна кога би го имала и дека вие би сакале да имате покрај себе некој како него.

Лав

Лавовите сакаат да се чувствуваат привлечно. Затоа, на овие личности треба да им доделувате комплименти за нивниот физички изглед. Кажете им колку секси мускули имаат и колку убаво им прилега сината боја. Јасно дајте им до знаење дека сексуално ве привлекуваат.

Девица

Девиците се срамежливи, па затоа вие треба да го направите првиот чекор. Но, внимавајте да не претерате и да направите нешто со што ќе го исплашите. Тоа значи дека не би требало да го поканите во вашиот нов стан и веднаш да го однесете во вашата спална соба. Започнете со поедноставно дружење во некое кафуле или ресторан.

Еве што треба да направите според неговиот хороскопски знак, за тој да ви стане момче

Вага

Личностите родени во знакот Вага се активни и сакаат активности на отворено, па затоа овие момчиња треба да ги поканите на трчање или пак, едноставно да прошетате на отворено. Додека шетате низ паркот, може да споделувате некои работи за себе и да се запознаете подобро. Колку повеќе време ќе поминувате заедно, толку побргу тој ќе сфати дека вие сте девојката за него.

Скорпија

Бакнете го. Иако ова може да ви звучи како драстичен потег, сепак, тоа ќе ви даде задоволителни резултати. Скорпиите не се заинтересирани да разговараат за своите чувства или за љубовните врски. Тие повеќе се под влијание од постапките, отколку од зборовите. Па, ако го сакате, покажете му го тоа!

Стрелец

Овие личности се нестрпливи, па не треба да чекате многу долго за да го направите првиот потег. Поканете го да гледате филм заедно, а доколку не сте подготвени за бакнеж, барем потпрете се на неговото рамо, за да му покажете дека сте заинтересирани за него.

Јарец

Личностите родени во знакот Јарец се независни, па затоа, внимавајте да не ги гушите премногу. Кога ќе го поканите да излезете, однесувајте се обично. Кога му пишувате пораки, не праќајте му десетина по ред. Дајте му простор да дише, за да не почне да се гуши, па да избега од вас.

Водолија

Водолиите уживаат во големи, романтични гестови. Па, откако ќе се запознаете со него, напишете му песна. Научете да ја свирите на гитара неговата омилена песна. Направете нешто лудо само за него.

Риби

Рибите се социјални личности, што значи дека тој најверојатно има многу пријателки. Затоа, треба да му покажете дека вашите намери не се само пријателски, туку дека флертувате. Ако не направите вашите чувства да изгледаат очигледни, тогаш никогаш нема да го придобиете.

Еве што треба да направите според неговиот хороскопски знак, за тој да ви стане момче

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар