Страдањето од анксиозност низ 12 моќни фотографии

Анксиозноста е едно од најчестите нарушувања со кои се соочуваат луѓето на денешницава. Иако доста присутна, луѓето често погрешно ги интерпретираат симптомите или пак, воопшто не ги ни забележуваат. Посакувајќи да ја долови анксиозноста во своето вистинско светло, фотографката Кејти Џој Крафорд на еден уникатен и сосема поинаков начин ја прикажува нејзината борба со анксиозноста во серијата фотографии „Моето анксиозно срце“.

(1)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

Фотографиите го опишуваат постојаното присуство на ова нарушување во текот на секојдневието на личноста која пати од анксиозност. Иако не се јавува со постојан интензитет, според зборовите на Крафорд, анксиозноста секогаш демнее доволно блиску и доволно застрашувачки. Секој на различен начин ја проживува, но овие фотографии можат да послужат како пример за тоа што значи да страдаш од анксиозност. Овие фотографии кажуваат многу повеќе одошто некогаш тоа ќе го направат зборовите.

„Без разлика колку давам отпор, таа секогаш ќе биде тука, очајна да ме прегрне, да ме покрие, да се скрши со мене. Секој ден се борам со неа, ‘не си добра за мене и никогаш нема да бидеш’. Но ете ја како ме чека кога ќе се разбудам и желна да ме држи додека спијам. Ми го одзема здивот. Ме остава без зборови.“

(2)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

„Чашата вода не е тешка. Скоро и да не мислиш на тоа кога треба да ја подигнеш. Но што ако не можеш да ја испразниш или да ја оставиш долу? Што ако треба да ја носиш нејзината тежина со денови… месеци… години? Тежината не се менува, но товарот да. Во даден момент веќе не можеш да се сетиш колку била лесна. Некогаш е потребно да се преправате со целото свое битие дека не е таму. А понекогаш, едноставно треба да ја оставите да падне.“

(3)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

„Мојата глава се полни со хелиум. Фокусот ми бледнее. Толку мала одлука да се донесе. Толку едноставно прашање да се одговори. Мојот ум не ми дозволува. Како илјада кругови да поминуваат истовремено.“

(4)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

„Се плашев од спиење. Најсуровата паника ја чувствував во темнината. Всушност, целосниот мрак не ме плашеше. Тоа го правеше онаа мала светлина која правеше сенка – застрашувачка сенка.“

(5)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

„Продолжуваат да ми кажуваат да дишам. Можам да си ги почувствувам градите како се движат горе–долу. Горе–долу. Горе–долу. Но зошто имам чувство како да се гушам? Ја држам раката под носот, да се осигурам дека има воздух. Сѐ уште не можам да дишам.“

(6)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

„Замрзнато чувство. Колку контрадикторно. Колку соодветно. Дали навистина можеш да се чувствуваш вака? Или е до неспособноста да чувствуваш? Толку сум научена да бидам како замрзната што сум го поистоветила тоа со вистинско чувство?“

(7)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

„Заробеник на мојот сопствен ум. Поттикнувач на моите сопствени мисли. Колку повеќе размислувам, толку е полошо. Диши. Само диши. Лебди. Наскоро ќе биде подобро.“

(8)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

„Чудно е во празнината на стомакот. Како кога пливаш и сакаш да ги спуштиш нозете, но водата е подлабока од твојата мисла. Не можеш да ја допреш земјата и срцето ти потскокнува.“

(9)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

„Толку длабоки исеченици кои како никогаш да нема да заздрават. Болка толку реална, скоро да е неподнослива. Станав ова… оваа исеченица, оваа рана. Сѐ што знам е оваа иста болка. Остро дишење, празни очи, раце кои се тресат. Ако е толку болно, зошто да му дозволиш да продолжи така? Освен ако… Можеби тоа е сѐ што знаеш.“

(10)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

„Страв ми е да живеам и страв ми е да умрам. Каков начин да постоиш.“

(11)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

„Беше создадена за мене и од мене. Беше создадена како моја изолација. Беше создадена од отровна одбрана. Ти си направена од страв и лаги. Страв од неисполнети ветувања и губење доверба која е толку ретко дадена. Се формираше целиот мој живот. Појака и појака.“

(12)-patenjeto-od-anksioznost-niz-12-mokjni-fotografii-kafepauza.mk

„Депресија е кога воопшто не чувствуваш. Анксиозност е кога чувствуваш премногу. Да ги имаш и двете значи постојана војна во твојот ум. Да ги имаш двете значи никогаш да не победиш.“

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар