Руска фотографка прави прекрасни мистични фотографии со вистински животни

Катерина Плотникова е руската фотографка која стои зад овие прекрасни фотографии, направени со помош на вистински животни. Сигурно се прашувате како тоа ѝ успеало и веќе претпоставувате дека проектот се одвивал успешно благодарејќи на присуството на професионалните тренери за животни. Без разлика на тој сегмент, фотографиите на Плотникова сами по себе, поседуваат таква мистериозност и магичност, што дефинитивно ќе ве остави без здив.

Руска фотографка прави прекрасни мистични фотографии со вистински животни

Доколку поубаво ги разгледате фотографиите, ќе забележите како мечката – симбол на сила и инстинкт, е спротивставена со елегантната и нежна принцеза, создавајќи прекрасна композиција. За да изнајдете уште такви моменти, ви препорачуваме да ги разгледате сите фотографии на Плотникова во галеријата подолу. Уживајте!



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар