Ливчиња од дрвја кои раскажуваат приказни

Уметниците постојано изнаоѓаат нови начини за да ја искажат својата креативност. Доколку ја погледнете првата слика, можеби ќе си помислите дека е направена со техниката масло на платно, но всушност се работи за вистински лист земен од природата и детално исецкан до перфекција.

Ливчиња од дрвја кои раскажуваат приказни

Лоренцо Дуран ги собира најидеалните лисја, а потоа ги мие, суши, пресува и нежно ги сече додека не ги претвори во прекрасна уметност. Техниката се базира на правењето исечоци на хартија, која е карактеристична за Кина, Јапонија, Германија и Швајцарија.

Ливчиња од дрвја кои раскажуваат приказниЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказниЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказни

 

„Секогаш сечам со скалпел на суви лисја… Сета работа која се состои во сечење, сушење и врамување ја имам научено сам. Имам исечено многу лисја и повеќето од нив завршиле во ѓубре, но полека, полека, развивам метод благодарение на кој тие нема да се кршат.“

Ливчиња од дрвја кои раскажуваат приказниЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказни

 

„Целиот процес се состои во: собирање на лисјата, миење, сушење, пресување и сечење. Додека се наоѓаат во пресата, правам цртеж кој го прикачувам за листот пред да почнам да го сечам. На крајот, го одлепувам и токму овој последен чекор е најделикатен бидејќи листот е толку кревок, па повеќедневната работа може да биде лесно уништена само за момент.“

Ливчиња од дрвја кои раскажуваат приказниЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказниЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказни

 

„Овој процес секогаш резултира со оригинален цртеж и оригинален лист, кој ѝ дава на творбата свој уникатен карактер.“

Ливчиња од дрвја кои раскажуваат приказниЛивчиња од дрвја кои раскажуваат приказни

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар