Момците откриваат: Кои се глупавите женски навики што никогаш нема да ги разберат? - Part 2

Момците откриваат: Кои се глупавите женски навики што никогаш нема да ги разберат?

„Навистина не можам да разберам зошто чуваат толку работи во тоалетот. Фен, пегла за коса, несесер со шминки, празни кутичиња од креми… Што ќе им се сите тие работи?“

„Девојките имаат постојана потреба да нѐ тестираат нас мажите. Лажат и измислуваат работи за да видат како би реагирале. Тоа е незрело и не можам да го разберам таквото однесување!“

„Не ми е јасно зошто девојките се однесуваат со нивните партнери како да се кучиња на кои им треба тренинг. Постојано се обидуваат да ги ’поправат’ и да ги изведат на правиот пат.“

„Не знам како жените можат да носат неудобни чевли, да се жалат поради тоа и повторно да го направат истото. Дали навистина чевлите се толку важни? Никогаш не сум чул маж да даде комплимент за чевлите што ги носела жената!“

„Не разбирам како жените можат да кажат дека не им е ништо, кога очигледно е дека нешто им пречи. Ги прашувате: ’Што ти е?’, а тие одговараат со ’Ништо, сѐ е во ред’ и притоа ве убиваат со поглед!“

„Зошто жените не можат да се јават на телефон? Постојано си праќаат стотици пораки, наместо да направат еден краток повик од 30 секунди!“

Момците откриваат: Кои се глупавите женски навики што никогаш нема да ги разберат?

„Дали на жените навистина им требаат 15 шампони за едно обично туширање? Шампон, гел за туширање, регенератор… Освен тоа, зошто ви требаат повеќе од 30 минути за да се истуширате???“

„Навистина не ми е јасно зошто жените се омаловажуваат едни со други само за да си го ’напумпаат’ егото. Работам во канцеларија полна со жени и многу ми е чудно кога ќе ги чујам колку фино се однесуваат додека разговараат, а потоа се озборуваат меѓу себе зад грб.“

„Никогаш нема да разберам зошто девојките прават ’дак фејс’ и користат филтер со кучешки уши кога се сликаат.“

„Зошто жените постојано се нарекуваат со погрдни имиња? Тоа ни дава слобода и нам мажите да ги користиме истите зборови кога ги опишуваме. Жените треба да престанат да се осудуваат меѓу себе поради бројот на сексуални партнери и треба да заборават на тие глупави верувања дека треба да чекаат да помине одредено време пред да имаат сексуален однос.“

„Некои девојки зборуваат со бебешки глас кога сакаат да побараат некаква услуга од мажите, особено ако се работи за нешто најобично како што е барање запалка. Навистина не можам да сфатам зошто го прават тоа.“

„Жените се подготвуваат со часови само за да отидат до продавница. Ко божем некој ќе забележи како се облекле додека пазарат!“

„Не ми е јасно зошто ставаат силикони на усните. Тоа изгледа ужасно!“

„Не разбирам зошто жените велат едно, а мислат друго и потоа се лутат што не сте ги разбрале.“

„Жените можат да држат лутина цела вечност. Тие се сеќаваат на сите можни грешки што сме ги направиле и ни ги вадат низ нос во секоја наредна караница. Не ми е јасно зошто имаат потреба од тоа.“

Откако го прочитавте текстов, време е да ги погледнете работите и од женска перспектива. Прочитајте ги овие 13 нешта кои само жените можат да ги разберат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар