Психолог советува како да се смирите среде паничен напад

Психолог советува како да се смирите среде паничен напад

Паничен напад е непријатно искуство проткаено со чувство на екстремна непријатност или страв и често е придружено со болка во градите, вртоглавица, несвестица, гушење, гадење, здрвување на одредени делови од телото, забрзано чукање на срцето, треперење, потење и топлотни бранови.

Психолог советува како да се смирите среде паничен напад

Кога ќе се појави, секоја личност која доживува паничен напад сака само едно – искуството да помине колку што е можно побрзо. Постојат методи и решенија кои ќе помогнат во борбата против нападите на паника, но тоа се главно долги процеси. Додека овие процеси се повеќе од добредојдени, психотерапијата и самопомошта не помагаат веднаш. Психологот Тања Г. Бентли зборуваше за побрзо решение на кое може да се потпре секој што ќе доживее напад на паника. Имено, станува збор за метод на брзо дишење, што на прв поглед е спротивно на она што би сакал да го направи човек среде напад на паника. Сепак, според д-р Бентли, овој метод навистина помага.

Методот на кратко и брзо дишење

Повеќето луѓе ќе бидат збунети при самото споменување на решение кое вклучува брзо дишење затоа што лицето кое доживува паничен напад сака да го смири дишењето. Но, д-р Бентли вели дека брзите воздишки испраќаат порака до мозокот и телото дека тоа го правите намерно и дека можете да престанете да дишете така и да вдишувате нормално. Затоа, ако некогаш се најдете среде паничен напад, сè што треба да направите е да вдишете брзо и да не вдишувате целосно. Повторете го ова 5, 10 или дури 20 пати и потоа треба да можете да вдишувате со полни бели дробови. Лекарот забележува дека овој метод не е пријатен, но дека кај многумина се покажал ефикасен.

Прочитајте и кои 7 вида болка во градите не треба да ги игнорирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар