Зошто жените избираат погрешни мажи?

Зошто жените избираат погрешни мажи?

Доколку постојано влегувате од една лоша љубовна врска во друга, голема е веројатноста дека ги избирате погрешните мажи. Воопшто не е реткост паметни жени да бидат во врска со мажи кои воопшто не се вистинскиот избор за нив, па потоа патат. Но, каде лежи проблемот? Експертите најдоа објаснување зошто тоа го правите, но и како да го промените ова деструктивно однесување…

Зошто жените избираат погрешни мажи?

Неразумно однесување

Според експертите, жените воопшто не внимаваат и буквално се вљубуваат во мажи кои не се добри за нив и кои може да бидат дури и опасни. Нема сомнеж дека жените многу порано можеле да ги воочат предупредувачките знаци, но одлучиле да ги игнорираат и да живеат во илузија.

Жените мечтаат за љубовна приказна како од бајките, па во врските влегуваат со нереални очекувања во поглед на бракот или долгорочните врски. Тие посакуваат мажот да им ги излечи раните и траумите. Но, работите не одат баш така. Припадничките на понежниот пол мораат самите да го направат тоа бидејќи тоа е предуслов за среќна врска.

Остануваат во лоша врска

Експертите објаснуваат дека жените имаат биолошки и социјални предиспозиции да бидат спасителки и негувателки. Кај жената сексот е поврзан со потребата да се оформи семејно гнездо, а кај мажите со задоволството. Мажите се почесто полигамни, а жените моногамни, иако во последно време постои тенденција да се сменат овие вредности, но тоа сè уште не е целосно прифатено според општествените норми.

Во секој случај, кога жената ќе се заљуби, таа сака да остане со него по секоја цена. Поради тоа, тешко ѝ е да ја прекине врската колку и да не е среќна во неа. Таа во својата имагинација веќе изградила семејство и дом. Тој, од друга страна, пак, не е на иста бранова должина и тоа јасно го дава до знаење, но таа нема ниту сила, ниту волја да ја прифати реалноста и сепак останува со него.

Зошто жените избираат погрешни мажи?

Страв од осаменост

Стотици години жените зависеле финансиски од мажите, па и ден денес се програмирани да веруваат дека нивната вредност како човечко суштество е поврзана со тоа дали имаат маж до себе или не. Овие ставови ги пропагираат и медиумите, религијата и маркетингот.

Кога жената нема маж покрај себе, општеството ѝ го наметнува мислењето дека нешто не е во ред со неа, па и таа самата почнува да го мисли истото. Според тоа, дел од жените остануваат во лоша врска затоа што се плашат дека ќе останат сами, или поточно од страв дека ќе бидат осудувани и обезвреднувани.

Зависност од романтика

Експертите тврдат дека жените се зависни од романтика. Романтиката им е како дрога која ги спречува да се соочат со реалните проблеми во нивниот живот како финансии, здравје или стареење. На тој начин тие го одбегнуваат реалниот живот. Нормално е да посакуваат љубов и романтика, но не по секоја цена и не во лоши врски.

Секако дека постојат исклучоци и сè повеќе среќаваме жени кои се независни и самоуверени. Овие жени немаат потреба да имаат некој покрај себе за да се чувствуваат вредно, бидејќи тие многу добро знаат колку вредат и не им треба маж за да го потврди тоа. Нормално е дека секое човечко битие има потреба од љубов и нежност, но немојте да си ги газите сопствените принципи и достоинството само за да почувствувате малку романтика која ќе ви донесе минливо задоволство, по кое ќе се чувствувате уште полошо и поглупаво. Бидете внимателни при изборот и не ги игнорирајте знаците кои ви покажуваат дека би можеле да бидете повредени. Пред да започнете нова врска, прво научете да се сакате себеси затоа што само така ќе можете да изградите здрав и функционален однос со друго човечко битие.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар