Зошто треба да започнете љубовна врска со девојка која обожава кучиња?

Зошто треба да започнете љубовна врска со девојка која обожава кучиња?

Вистина е дека понекогаш сопствениците на кучиња повеќе го сакаат нивниот миленик од луѓето кои ги опкружуваат. Можеби ова ви звучи чудно, но ако некогаш почнете да чувате куче, сѐ ќе ви стане јасно. Кучњата можат да ве научат на многу работи и да ви го направат животот поубав. Ова се 8-те добри причини зошто треба да започнете љубовна врска со девојка која обожава кучиња…

Зошто треба да започнете љубовна врска со девојка која обожава кучиња?

1. Знае што е верност

Безусловната љубов што може да ви ја даде кучето е незаменлива. Милениците можат да нѐ научат што е тоа верност и лојалност. Понекогаш , можеби ќе треба да се соочите со некои предизвици во врската, но девојката која чува куче ќе знае дека треба бидете тука еден за друг, без оглед на сѐ.

2. Постојано ќе бидете опкружени со кучиња

Со оглед на тоа што ќе си имате работа со љубител на кучиња, вашата девојка сигурно ќе обрнува многу внимание на сите кутриња што ќе ги сретнете по улица, во паркот, пред зграда…Понекогаш можеби повеќе ќе им се посветува ним отколку вам. Но, позитивната страна на целата ситуација е тоа што ќе запознаете многу слатки кучиња благодарение на вашата девојка.

3. Сака да биде физички активна

Кучињата ги тераат луѓето постојано да бидат на нозе, да трчаат и да ги шетаат. Ќе можете да поминувате време со вашата девојка додека го шетате нејзиниот домашен миленик и верувајте дека ќе уживате во тие забавни прошетки. Доколку кучето е поголемо, ќе можете дури и да возите велосипед или ролерки заедно.

4. Секогаш ќе ви биде забавно

Не постои сомнеж дека кучињата ги прават луѓето среќни. Доколку поминувате време со вашата девојка и нејзиното куче, сигурно ќе доживеете многу мали моменти што ќе ве насмеат и ќе го подобрат вашето расположение.

Зошто треба да започнете љубовна врска со девојка која обожава кучиња?

5. Лесно ќе можете да ѝ купите подарок што ќе ѝ се допадне

За секој празник или посебна прилика постои честитка со куче на неа. Самата честитка сигурно многу би ѝ се допаднала, но уште подобро е ако купите подарок поврзан со нејзиниот домашен миленик. Можете да нарачате некаков предмет со слика од нејзиното куче или да купите нешто специјално за него. Не можете да погрешите!

6. Секогаш ќе знаете како да ја развеселите

Понекогаш луѓето не знаат како да ја излечат тагата, па затоа најдобро е да побарате помош од некој крзнен пријател за да ја развеселите вашата сакана. За среќа, ова не е воопшто тешко да се направи. Постојат милион видеа од кучиња на Интернет што можат да ја претворат секоја солза во насмевка.

7. Грижлива е

Чувањето куче не се разликува многу од чувањето бебе. Кучето треба постојано да се храни, да се бања и да се чисти по него. Таа има поминато низ сето тоа и многу добро знае како да се грижи за некого. Вашиот стомачен вирус нема да ја исплаши. Таа ќе биде до вас и ќе ви помогне да ги пребродите тешките моменти.

8. Домот ќе ви биде исполнет со кучиња

Доколку вашата врска трае доволно долго за да започнете заеднички живот, не постои сомнеж дека домот ќе ви биде исполнет со барем едно кученце.

Прочитајте ги и следниве 10 причини зошто треба да го одберете мажот кој чува куче.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар