Зошто сите полудеа по тренинзите на Клои Тинг?

Зошто сите полудеа по тренинзите на Клои Тинг?

После неколку месеци во карантин, време е да повторно да се активирате и да заборавите на чипсот кој го јадевте секогаш додека гледавте серии. Ако не знаете како да започнете, ние го имаме вистинскиот тренер за вас. Брзите и минималистички тренинзи на Клои Тинг во последно време станаа многу популарни и луѓето навистина полудеа по нив.

Како тренинзите на Клои Тинг станаа толку популарни?

Клои Тинг го започнала својот јутјуб-канал со дискусии за модата и предлози за егзотични дестинации. Таа го прави тоа од 2011 година, а во 2017 година започнала да снима дневни тренинзи кои денес сите ги обожаваат.

Причината поради која таа стана омилена е затоа што многу од нејзините следбеници испраќаат пред и потоа фотографии од две неделните вежби за стомачни мускули. Погледнете ги видеата и ќе видите за што станува збор.

Дали нејзините тренинзи се тешки?

Можеме да претпоставиме дека нејзините следбеници се почетници во вежбањето, а гледајќи ги нејзините видеа имаме чувство дека тоа се вежби кои секој може да ги прави. Кога ќе започнете, ќе откриете дека тоа не е така и дека тие навистина не се толку лесни како што изгледаат. Тренинзите на Клои исто така можете да ги прилагодите на ваше ниво со менување на темпото.

Иако тренинзите на Клои Тинг се разновидни, знаеме дека за две недели не можеме да очекуваме големи промени ако не ги комбинираме вежбите со здрава исхрана. Најдобро е да одберете повеќе тренинзи од Клои, да се храните здраво и да вежбате редовно.

Дали луѓето очекуваат премногу од тренинзите на Клои Тинг?

Многу луѓе се разочарани поради нивниот недостаток на напредок. Сите очекуваат да видат голема разлика после 10-минутно вежбање, но вистината е дека ако не создадете рутина, не треба да имате големи очекувања.

Дали Клои е робот?

Клои Тинг навистина прави нејзините тренинзи да изгледаат лесно. Додека ги прави вежбите таа е целосно фокусирана, па постојат многу шеги дека таа никогаш не трепка, не покажува емоции и изгледа како робот. Како и да е, Клои Тинг не е никаков робот, туку таа веројатно e само подобра во нејзините вежби од повеќето од нас. Па, што чекате? Погледнете ги видеата во продолжение, комбинирајте неколку тренинзи и активирајте го вашето тело!

Прочитајте и за вежбање во лето: 7 вообичаени грешки што може да бидат опасни за здравјето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар