Зошто повеќето луѓе не умеат вистински да сакаат? Зен техники без кои не може да постои вистинска љубов

Зошто повеќето луѓе не умеат вистински да сакаат? Зен техники без кои не може да постои вистинска љубов

Источниот начин на живот привлекува многу поради неговата едноставност, а тоа особено се однесува на љубовта. Западниот систем на љубовта е таков што кога некој ќе ни се допадне, копнееме за него, можеби и го освојуваме, потоа започнуваат разочарувањата и наскоро со повредено его одиме да пронајдеме нова вистинска љубов. Всушност, ние не умееме да сакаме, или бзрем така вели зен учителот Тич Нат Хан.

Зошто повеќето луѓе не умеат вистински да сакаат? Зен техники без кои нема вистинска љубов

„Кога сакаме, а не знаеме како правилно да го направиме тоа, го повредуваме онoј што го сакаме“, вели тој.

Зен учењето нуди 4 аспекти на вистинската љубов кои често ги одбегнуваме. Еве за што станува збор.

Маитри

Зборот „Маитри“ доаѓа од санскрит, стар индоевропски јазик, и значи пријател. Секој кој го сакате пред сѐ треба да ви биде пријател, вклучувајќи ги и љубовниците. Ако во односите постои само страст и желба за освојување, таму нема да постои пријателство, Никогаш нема да можете да бидете пријател со некого, доколку најпрво не сте најдобар пријател на себе. Така, патот до вистинската љубов е преку љубовта кон себе. Дури кога ќе знаете кои сте и каде одите, може да му се придружите некому во неговиот пат.

Каруна

Зборот „Каруна“ значи сочувство, односно желба да се сподели товарот со другите. Кога тоа го немате во себе, страдањето на другите го гледате како товар што не сакате да го носите, а без тоа нема љубов. Ова не значи дека треба да им дозволите на другите да прават што сакаат со вас, туку како што сакате некој со вас да го подели вашиот товар, мора да сакате и вие да понесете туѓ.

„Разбирањето на нечие страдање е најдобриот подарок што можете да им го дадете на другите. Разбирањето е второто име за љубовта. Ако не разбирате, не можете ни да сакате“, вели Хан.

Зошто повеќето луѓе не умеат вистински да сакаат? Зен техники без кои нема вистинска љубов

Мудита

„Мудита“ е еден вид надополнување на претходната техника, каруна, и во превод значи сочувствување со среќата. Всушност, ова е способност вистински да се радувате поради нешто убаво што им се случува на другите.

„Една врата до сочувствителната среќа води преку сочувствувањето. Животот е многу непредвидлив и промените од болка во среќа се случуваат во секунда. Сите имаме подеми и падови, а сите луѓе делат ранливост која ја носи оваа промена. Кога ќе се сетиме дека и луѓето на кои им завидуваме патат, можеме да им бидеме многу блиски“, советува Хан.

Упекша

„Упекша“ е балансиран и смирен пристап кој мора да го имате во сите работи во животот, па и во љубовта, а вистинската љубов треба да има рамнотежа. Без упекша станувате посесивни и напорни. Таквите луѓе им ја одземаат слободата на оние што ги сакаат, така што на крајот нивен предмет на љубов престанува да биде она за што нив ги засакале. Тоа не е љубов, туку уништување. Упекша значи „мудрост на еднаквоста“, односно способност да се разбере дека сите сме исти и дека имаме иста слобода, како и дека немаме право таа слобода да им ја одземаме на другите. Дури кога ќе го сфатите ова, ќе ви биде јасно дека немате право предметот на својата љубов да го држите толку цврсто, бидејќи на тој начин ќе почне да овенува, наместо да цвета.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар