Зошто депресијата е непрепознатлива кај повеќето мажи?

Од депресија страдаат милиони луѓе ширум целиот свет. Но, не страдаат само луѓето со депресија, туку влијанието го чувствуваат и нивните сакани. Препознавањето на депресијата и добивањето соодветна професионална помош е првиот чекор кон подобрувањето. Но, многу често ова е полесно да се каже отколку да се направи.

Зошто депресијата е непрепознатлива кај повеќето мажи?

Депресијата може да биде последица од животен настан. Таа може да биде и резултат на хемиски промени во вашиот мозок. Исто така, депресијата може да потекнува и од тага, траума или хронична болка. Некои докази покажуваат дека депресијата може да биде и наследна болест.

Причините зошто некоја личност е подложна на депресија се разновидни и ја манифестираат депресијата на различни начини. Жените покажуваат разни знаци на депресија за разлика од мажите. Опасноста е во тоа што депресијата кај мажите понекогаш воопшто не изгледа како депресија.

Мажите настојуваат да ги кријат нивните емоции и поретко сакаат да зборуваат за нив за разлика од жените. Тие би отишле на лекар поради физичките симптоми на депресија, но поретко поради менталните. Забрзаното чукање на срцето и дигестивните проблеми поверојатно ќе го мотивираат мажот да побара професионална помош, за разлика од постојаното чувство на анксиозност.

Мажот со депресија може да биде необјасниво раздразлив, гневен, па дури и агресивен. Неговиот распоред на спиење најверојатно ќе биде лош. Може да изгуби интерес за семејството, а може да ѝ стане и странец на неговата сопруга. Депресијата може да влијае и на неговата способност да биде татко. Може да почне да прави опасни работи, па дури и да побара утеха во алкохолот.

Мажот со депресија се чувствува безвредно и изгубено. Најчесто мисли дека неговото постоење е товар за другите. Може да биде неодлучен и често да заборава и да ги игнорира секојдневните обврски. Можно е значително да ослаби. Може да страда од сето ова во тишина и целосна изолација. Најверојатно ни самиот нема да ги препознае знаците на депресија.

Најчесто саканите се оние кои забележуваат дека има некаков сериозен проблем. Но да го убедите мажот со депресија дека има депресија не е секогаш лесно, а тоа е само првиот чекор од долгото патување.

Доколку сте маж и страдате од депресија, имајте на ум дека таа нема да си замине самата. Не плашете се и не срамете се да побарате помош, без разлика дали од партнерот, пријателите, семејството или професионалец.

Погледнете ги и работите што треба да ги запомните доколку сте вљубени во маж кој страда од депресија.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар