Знаеме што сме, но не и што можеме да бидеме

Ова е свет полн со очекувања и се чини дека секоја личност очекува нешто од некого. Размислувањето дека нешто мора да се направи во точно време, може да биде многу опасно. Од една страна живеењето во свет на очекувања може да биде корисно затоа што можете да станете што сакате. Но, понекогаш сте толку заглавени во стравот што другите сакаат или што вие мислите дека тие сакаат, па ја губите вашата цел. Секој понекогаш е добро да погледне во огледалото и да се обиде да сфати кој е. Но, доколку живеете во свет каде што се важни очекувањата, тогаш вам ќе ви биде тешко да се препознаете, покрај сите тие ограничувања. Тоа не ви дава целосна слобода, па треба да излезете од сенката што ви ја прави светот и да се сместите на место каде што свети вашето сонце. Не можете да го остварите својот сон доколку која било личност може да ви влијае на тоа.

Знаеме што сме, но не знаеме што можеме да бидеме

Понекогаш следењето на општите правила може да ве уништи

Едноставниот 8-часовен работен ден во текот на животот, имањето деца и дом звучи прекрасно. Но, додека некои уживаат, други се уништени од ова секојдневие. Познат ви е тој начин на живот. Морате да одите на училиште, да добиете диплома, да работите, да стапите во брак, да имате деца, да создадете дом и евентуално да се пензионирате и да уживате во староста. Иако звучи неверојатно, за жал, тоа е само механички живот што го следите, без никакви аспирации и желби. Тука не постои простор да го живеете животот од вашите соништа. Сѐ што треба е да го следите зададениот тек на настани, иако тоа не е нешто кон што се стремите. Има цврсти докази кои покажуваат дека кога конечно ќе излезете од овој затворен круг, тогаш ќе успеете!

Животот не ви е однапред одреден, вие самите си го градите

Некогаш постоела некоја жена која ги следела споменатите чекори. Иако таа имала страст за пишување романи, се плашела од неуспех и се потпирала на очекувањата на другите. Таа одела на училиште, потоа се вработила, се омажила и добила ќерка. За жал, била отпуштена од работа и се развела пред да се пресели во Единбург, каде што живеела со помош од владата. Но, таа тогаш се вратила на патот кој отсекогаш го посакувала. Почнала да пишува серија романи и станала една од најпознатите авторки во своето време. Нејзиното име е Џ.К. Роулинг.

„Никогаш нема да се познавате вистински или да ја откриете силата на вашите врски, сѐ додека тие не бидат тестирани од страна на некоја несреќа. Ова знаење е вистински подарок, за сѐ она што е добиено со болка, а тоа вреди повеќе од која било квалификација што некогаш сум ја добила.“ − Џ.К. Роулинг

Уште еден ваков пример е за човекот кој живеел според зададени норми. Тој одел на работа, но истата ја мразел. Со 11 месеци поминати таму, тој се решил да ја напушти работата и да најде нешто во што ќе може да ужива. Оттогаш, тој ја создал групата нарешена „Живејте ја вашата легенда.“ Скот Динсмор умрел живеејќи го животот кој го сакал. Тој велел:

„Треба да правите нешто што е важно за вас и има влијание што само вие можете да го направите.“

Знаеме што сме, но не знаеме што можеме да бидеме

Животната приказна пак за друг човек зборува како тој започнал да го живее животот врз основа на одобренијата од неговите родители. Тој бил отпишан од училиштето со цел да се грижи за семејната фарма. Кога било согледано дека тој не може да успее во оваа работа, бил вратен на училиште за да го заврши. Потоа тој се запишал на Универзитетот во Кембриџ и станал еден од најистакнатите ученици во историјата. Исак Њутн го живеел животот кој го можел, животот кој го сакал! Тој не дозволил некој друг да ги уништи неговите соништа.

„Градиме премногу ѕидови, но не доволно мостови.“ – Исак Њутн

Само вие можете да го живеете својот живот

Светот може да биде опасно место за живеење. Секој почеток е тежок, а потоа станува уште потешко. Но, вие го имате само овој живот и само оваа можност да го правите она што го сакате. Размислете што е тоа што отсекогаш сте сакале да го направите, за оние ограничувања што себеси сте си ги поставиле. Ако сакате да го живеете животот на свој начин и да бидете успешни, треба уште денес да почнете да го правите тоа. Доколку имате некој сон кој сакате да го остварите, зошто да им дозволите на другите да ви влијаат на тоа? Само вие знаете што сакате да правите и никому не должите објаснување, освен на самите себе. Секако дека ќе биде тешко и ќе биде потребно повеќе напор, пот и солзи. Но, еден ден ќе погледнете назад и ќе видите што сѐ имате добиено. Понекогаш светот може да биде досадно место, па потребно е да го живеете вашиот сон за да внесете боја во него!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар