Знаци кои откриваат дека ќе бидете пресреќни доколку ја прекинeте сегашната љубовна врска

Понекогаш да бидете сами е многу подобра опција отколку да останете со некој што не ви одговара. И ако конечно се осмелите да ставите крај после неколку обиди да ја спасите љубовната врска во која се наоѓате, едноставно ќе воздивнете и ќе си кажете: „Зошто не го направив ова многу порано?“ Овие знаци откриваат дека раскинувањето за кое размислувате е токму такво.

1. Тој е секогаш во центарот на вниманието

Дури и кога вам ви се случило нешто заради кое на момент би требало да бидете во центарот на вниманието, тој ќе се погрижи вниманието повторно да го сврти кон себе.

2. Вие сте со него, само затоа што се плашите од самотијата

Понекогаш да бидете сами е многу подобра и попаметна опција отколку да останете во врска со партнер кој воопшто не ви одговара.

3. Сте ја изгубиле надежта дека ќе се промени

Луѓето понекогаш се менуваат, но ако промените кои тој треба да ги направи се преголеми и практично невозможни, раскинувањето со сигурност ќе се случи.

4. Ви изгледа дека можете да најдете нешто подобро

Ако во врската постојано чувствувате дека можете да создадете нешто подобро, со некој подобар, само раскинувањето е спасот.

5. Тој никогаш нема време за вас

Наместо трпеливо да чекате да го пронајде, пронајдете некој што секогаш ќе има време за вас.

6. Не сакате да го повредите со раскинувањето

За жал, тоа е неизбежно, но најлошо е да останете со некого само затоа што ви е жал за него. Ве уверуваме дека ќе преживее и дека и тој ќе најде подобра партнерка за себе.

Дека навистина сте среќни и исполнети после раскинувањето на вашата врска го докажуваат и овие мали потсетници дека се чувствувате одлично и по раскинувањето.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар