Златни совети од Кристијан Лубутан: Тој ви ги открива врвните модни правила кои секоја жена треба да ги знае

Модниот гуру Кристијан Лубутан, кој поседува богато искуство во модната индустрија, тврди дека секоја жена може да биде заводничка доколку почитува неколку правила.

zlatni-soveti-od-kristijan-lubutan-toj-vi-gi-otkriva-vrvnite-modni-pravila-koi-sekoja-zhena-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk

Кралот на штиклите вели дека за стил достоен за секоја дама, таа треба да се придружува до овие четири правила.

Правило бр. 1: Облечете се на начинот на кој што сакате да се движите.

Кристијан Лубутан вели дека иако жената носи фустан, штиклите се оние кои ја носат. Па според ова, внимателно бирајте ја гардеробата и чевлите во зависниот од тоа што сакате да постигнете, и како да се движите.

Правило бр. 2: Облекувајте се во склад со своето расположение

Ако не сакате да носите штикли, тогаш немојте! Според зборовите на славниот креатор, поентата е во тоа да го носите она во кое најмногу се чувствувате секси и комфорно. Ако, кога носите штикли се чувствувате непријатно, тогаш немојте да ги носите. Можете да бидете исто толку секси и во рамни чизми.

Правило бр. 3: Носете го она што најмногу ви одговара

Доколку гардеробата одлично стои на некој модел или пак на куклата во излогот, тоа не значи дека и на вас ќе изгледа совршено. Носете го само она што вам најмногу ви прилега.

Правило бр. 4: Ако вашиот партнер забележи што сте облекле, тогаш изборот е вистински!

Кристијан Лубутан истакнува дека за него најголем комплимент е кога некои жени ќе му кажат дека откако ги носат неговите креации, нивните партнери конечно забележуваат што тие облекуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар