Зимска модна инспирација: Со помош на овие комбинации без сомнение ќе привлечете внимание

Модата понекогаш може да биде досадна, особено кога ќе дојде зима и кога ќе „заглавиме“ во темните бои, со блед тен, без волја да направиме нешто поинакво за себе, а уште помалку да смислиме тренди, занимливи модни комбинации. Но, тоа е сосема погрешен став! Девојките со стил не размислуваат на овој начин. Значи, освестете се, разведрете се, бидејќи има надеж дури и зимските модни комбинации да ви бидат оригинални, стилизирани и урбани. За дополнително да ви ја олесниме работата, ви предлагаме неколку зимски модни комбинации со чија помош со сигурност ќе привлечете внимание.

1-zimska-modna-inspiracija-so-pomosh-na-ovie-modni-kombinacii-so-sigurnost-kje-privlechete-vnimanie-www.kafepauza.mk_

1. Преголема бунда

Модните комбинации никогаш не можат да изгледаат досадно кога е вклучено едно многу впечатливо парче – крзното. Значи, доколку сакате да носите нешто вакво кога доаѓа зима, тогаш набавете тренди, широка бунда која сама по себе ќе привлече внимание. Таа не мора да биде во впечатлива боја или дезен, но и може, зошто да не? Носете ја заедно со сведени кошули и блузи, фармерки или црни панталони. Толку многу можности за сјаен изглед. Особено ако целата приказна ја „зачините“ со занимливи аксесоари.

2-zimska-modna-inspiracija-so-pomosh-na-ovie-modni-kombinacii-so-sigurnost-kje-privlechete-vnimanie-www.kafepauza.mk_ 3-zimska-modna-inspiracija-so-pomosh-na-ovie-modni-kombinacii-so-sigurnost-kje-privlechete-vnimanie-www.kafepauza.mk_

2. Црна комбинација со моќен детаљ

Ова најверојатно нема да ви претставува тешкотија. Црно од глава до пета е секогаш добар избор и модните блогерки честопати го употребуваат овој „проверен рецепт“ кога не знаат што да облечат. Сепак, за поефективна модна комбинација е потребно многу повеќе – додадете детаљ во некоја јака боја и на тој начин ќе ја разбиете монотонијата на црната комбинација, а притоа ќе изгледате модерно и стилизирано. Тоа може да биде некое парче облека само по себе, како што е на пример капутот, а исто така може да биде и аксесоар како што е шеширот, марамата или пак обувките.

4-zimska-modna-inspiracija-so-pomosh-na-ovie-modni-kombinacii-so-sigurnost-kje-privlechete-vnimanie-www.kafepauza.mk_

5-zimska-modna-inspiracija-so-pomosh-na-ovie-modni-kombinacii-so-sigurnost-kje-privlechete-vnimanie-www.kafepauza.mk_

3. Модерни и впечатливи обувки

Доколку сакате сведени комбинации, тогаш сè што ви е потребно се впечатливи обувки кои ќе го привлечат вниманието и ќе остават впечаток за вас дека сте вистинска модна девојка. Значи, заедно со панталоните и ролката или со фустанот, модерните обувки ќе ја раскажат својата модна приказна. И ниту еден друг детаљ нема да ви биде потребен.

6-zimska-modna-inspiracija-so-pomosh-na-ovie-modni-kombinacii-so-sigurnost-kje-privlechete-vnimanie-www.kafepauza.mk_ 7-zimska-modna-inspiracija-so-pomosh-na-ovie-modni-kombinacii-so-sigurnost-kje-privlechete-vnimanie-www.kafepauza.mk_

4. Разиграност во слоевите и текстурите

Секогаш можете да постигнете најдобар ефект кога ќе си поиграте со материјалите и структурите, а вашите модни комбинации ќе ги „зачините“ со голем број слоеви. Бидејќи, целата поента на есенските и зимските комбинации е токму во тоа. Слој врз слој ќе ви даде модерен изглед, а освен тоа, бидете смели па комбинирајте и различни материјали како што се кожа, антилоп, волна или што било ќе ви падне на ум.

8-zimska-modna-inspiracija-so-pomosh-na-ovie-modni-kombinacii-so-sigurnost-kje-privlechete-vnimanie-www.kafepauza.mk_ 9-zimska-modna-inspiracija-so-pomosh-na-ovie-modni-kombinacii-so-sigurnost-kje-privlechete-vnimanie-www.kafepauza.mk_

5. Бидете во тренд

На крај, за да изгледате прекрасно, честопати е потребно да го следите едноставното правило – само бидете во тренд. Но, што точно значи тоа? Информирајте се за водечките трендови, изберете го оној кој најмногу ви се допаѓа и прилагодете го на својот стил и вкус и да, ќе бидете забележени!

10-zimska-modna-inspiracija-so-pomosh-na-ovie-modni-kombinacii-so-sigurnost-kje-privlechete-vnimanie-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар