Жената која ве љуби сака да ги знаете овие нешта

Љубовта има неверојатна моќ што влијае и на двајцата во една врска. Таа ги храни душата, срцето и телото. Па ако вашата сакана навистина ве љуби, сака да ги знаете овие важни работи.

zhenata-koja-ve-ljubi-saka-da-gi-znaete-ovie-neshta-kafepauza.mk

Таа заслужува да биде ценета и нејзината љубов е нешто реално. Направете ја нејзината среќа ваш приоритет. Не дозволувајте да ве моли за да ѝ посветите барем малку време. Таа секогаш ќе ви простува и ќе ви даде многу шанси. Постои нешто кај љубовта и таа едноставно не може да не ви прости.

Немојте да ја тргнете од вас со рамнодушност. Не ѝ дозволувајте да биде „гладна“ и за малку внимание. Немојте да научите предоцна дека љубовта од жена е скапоцен подарок. Кога не го цените овој подарок, со тек на време ќе го изгубите.

Не мора цел ден да го поминете со неа. Не мора постојано да ѝ се јавувате и да разговарате. Нема потреба постојано да ѝ испраќате слатки пораки, но немојте ни да ја игнорирате.

Дозволете ѝ да почувствува дека вие навистина сте со неа, а не дека сте само физички присутни. Не дозволувајте ѝ да се чувствува како да е само една од многуте.

Не мора постојано да ѝ кажувате дека ја сакате, но не дозволувајте да ѝ недостига вашата љубов. Нејзиното срце е како цвет на кој му е потребна вода за да расцути. Не ја претворајте во нешто што го мразите – нестрплива и премногу чувствителна жена. Држете ја цврсто и покажете ѝ дека нејзиното присуство е ценето.

Дајте ѝ шанса да ви покаже колку ве сака и колку се грижи за вас. Кажувајте ѝ ја вистината и немојте да ја лажете. Докажете ѝ дека не сте само уште еден маж што ќе ја искористи. Покажете ѝ дека може да ви верува и дека нема да ѝ го скршите срцето.

Нема да згрешите ако навистина ја љубите. Да ја љубите повеќе од сè не е знак за слабост, туку е доказ за личноста која навистина сте. И последното нешто што треба да го знаете – таа има меко срце кое се грижи за вас. Таа ви дава внимание, среќа, радост и многу љубов. Не можат сите жени да љубат на овој начин. Вие ја имате и го знаете тоа. Држете ја силно и бидете благодарни што сте ја пронашле во овој живот.

Погледнете и како да му покажете безусловна љубов на вашиот партнер.


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар