Здрава салата со краставица и ананас што може да ви замени цел оброк

Салатите во форма на оброк наоѓаат голема примена во многу режими за здрава исхрана. Покрај тоа што не бараат многу време за подготовка, здрави се и полни со боја и вкусови. Погледнете го овој едноставен рецепт за салата која е полна со комбинации од слатко-кисели вкусови и која навистина освежува.

Оброк салата со краставица и ананас

Потребни состојки:

  • 50 грама шеќер
  • 50 милилитри вински оцет
  • 2 супени лажици вода
  • 225 грама исецкан ананас
  • 1 исечена краставица
  • 1 изрендан морков
  • 50 грама исечен лук
  • 1 марула
  • 1 кафена лажичка сусам

Начин на подготовка:

Измешајте ги шеќерот, оцетот и водата во тава. Гответе додека не зоврие, а потоа на намален оган гответе уште 5 минути. Тргнете ја смесата од оган и оставете ја да се излади. Во длабока чинија измешајте го целиот исечкан зеленчук, прелијте со сосот и добро промешајте.

Послужете со парче фета сирење и уживајте.

Погледнете го и овој одличен рецепт за пуканки од карфиол.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар