Здрава и вкусна пита со јаболка и бадеми (без глутен и без лактоза)

Рецепт од соништата!

(1) Здрава и вкусна пита со јаболка и бадеми (без глутен и без лактоза)

Потребни состојки:
  • 200 грама бадеми
  • 1 лажичка прашок за печиво
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 60 милилитри маслиново масло
  • 60 милилитри мед
  • 2 јајца
  • 2 големи јаболка, излупени, исчистени и тенко исечкани

(2) Здрава и вкусна пита со јаболка и бадеми (без глутен и без лактоза)

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 160 степени и поставете хартија за печење во тавата која ќе ја користите за овој рецепт. Во среден сад, измешајте ги заедно бадемите, прашокот за печиво, циметот и ванилата. Додека мешате, додајте ги и маслиновото масло, медот и јајцата и не престанувајте сè додека сите состојки не се соединат.

Поставете ја смесата врз хартијата за печење во тавата, а потоа наредете ги парчињата јаболка врз неа, така што ќе формираат ружа. Почнете од средината и движете се кон надвор сè додека не ги искористите сите парчиња. Печете 45 до 60 минути, или сè додека питата не се стврдне, а јаболката добијат светло кафеава боја на краевите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар