Запишувајте што јадете и веднаш ќе ги забележите овие 5 прекрасни придобивки

Запишувајте што јадете и веднаш ќе ги забележите овие 5 прекрасни придобивки

Можете да имате листа на работи коишто треба да ги направите во текот на денот, листа на работи коишто треба да ги купите, но колкумина од вас запишуваат што јадат во текот на денот? Доколку водите дневник за она што го јадете секојдневно, вие ќе бидете изненадени и воодушевени од тоа што може ова да направи за подобрување на вашето здравје и благосостојба. Од ваквиот дневник вие ќе откриете во кој период се прејадувате, што не консумирате доволно во текот на денот и слични корисни податоци.

Еве што би добиле од практикувањето на оваа едноставна, секојдневна активност.

1. Ќе го намалите внесувањето калории

Обрнувајќи внимание на тоа колку калории внесувате дневно, вие полесно ќе можете да го контролирате тоа. Самиот чин на евидентирање на храната може да ве поттикне да јадете помалку, а со тоа и да ја намалите телесната тежина.

2. Ќе ги избегнувате ужините

Гледајќи колку пати во денот имате ужина, со евидентирањето на храната ќе можете да го намалите внесувањето на непотребните калории коишто доаѓаат од ужините.

3. Ќе ја согледате разликата помеѓу исхраната во работните денови и за време на викендите

Повеќемина во текот на работната недела јадат брза храна којашто содржи високо ниво масти. Кога ќе го согледате ова на лист хартија, можеби ќе направите дополнителни напори викендот да готвите повеќе, при што ќе бидете подготвени за подобро организирање на храната во текот на работната недела.

4. Ќе ја забележите поврзаноста помеѓу исхраната и вашето расположение

Со тоа што ќе ја евидентирате храната којашто ја внесувате, вие лесно ќе можете да согледате како расположението влијае на вашата исхрана и обратно, како храната влијае на вашето расположение. На овој начин би можеле да откриете дека кога се храните здраво и кога не се прејадувате, вашето расположение е подобро.

5. Ќе се чувствувате поудобно и поздраво

Кога ќе евидентирате што сте јаделе, полесно можете да откриете што ви предизвикува подуеност и потешкотии. На овој начин ќе успеете да ги елиминирате непријатностите и ќе се чувствувате многу подобро.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар