Замор, цртани филмови и копнеж за одмор: 17 работи кои можат да ги сфатат само мајките

Замор, цртани филмови и копнеж за одмор: 17 работи кои можат да ги сфатат само мајките

Кога по цел ден го чувате вашето бебе, начинот на кој го набљудувате светот ќе се промени од корен и наскоро ќе почнете да сфаќате дека може да ве разбере само некој кој ги има истите секојдневни грижи како и вас.

1-zamor-crtani-i-kopnezh-za-odmor-17-raboti-koi-kje-gi-sfatite-samo-dokolku-ste-majka-www.kafepauza.mk_

1. Кога зборувате за вашето бебе, велите „ние“. „Ние јадевме“, „Ние сме болни“, „Ни излезе запче“ (иако лично ги имате сите заби на своите места).

2. За 7 минути извршувате многу повеќе работи отколку што останатите ќе завршат за цел ден.

3. Кога децата ќе заминат на спиење, можете да правите што ќе посакате. На пример, да ја исперете и спружите облеката, да ги измиете садовите и слично.

4. Кога ќе се сретнете со пријателите, често зборувате за вашето бебе и за тоа колку ви недостига.

5. 15-минутното туширање со затворена врата за вас е како цел ден поминат во спа центар.

6. Во состојба сте да правите неколку работи истовремено – да зготвите вечера, да го доите бебето, да разговарате на телефон и да ја гледате вашата омилена серија.

7. Повеќе се возбудувате од размислувањето за спиење отколку за водење љубов.

8. Можете да слушнете како вашето дете кивнало, дури и ако е сред ноќ, вратите се затворени, а вашиот сопруг рчи покрај вас.

0. Детските работи ве интересираат повеќе од облеката за возрасни.

2-zamor-crtani-i-kopnezh-za-odmor-17-raboti-koi-kje-gi-sfatite-samo-dokolku-ste-majka-www.kafepauza.mk_

10. Подготвени сте да се менувате со детето штом забележите дека добило висока температура.

11. Одеднаш забележувате голем број сообраќајни опасности – дупка на патот, опасно комшиско куче. Дали овие нешта биле тука и претходно?

12. Сфаќате дека може да гледате телевизија само кога вашите деца се во кревет подолго од 30 минути.

13. Одмор е кога одите во маркетот сами, без децата.

14. Му честитате на детето кое отишло во тоалет како да освоило медал.

15. Секоја играчка којашто ќе ја видите ја проценувате по критериумот колку минути може да го забавува вашето бебе. Почесто ја менувате облеката од која било тинејџерка која оди на љубовен состанок. Вашата гардероба секогаш е извалкана со храна од непознато потекло.

16. Знаете кои се штрумфови, дигимони и други ликови од цртаните филмови.

17. Исто така, се фаќате себеси како пеете детски приспивни песнички дури и откако вашето бебе заспало.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар