Заборавете на високите потпетици и уживајте во најпопуларните обувки за оваа есен

Заборавете на високите потпетици и уживајте во најпопуларните обувки за оваа есен

Додека претходните години инфлуенсерките и трендсетерките се натпреваруваа за повеќе внимание со новите пара штикли или чизми со високи потпетици, оваа есен ситуацијата е многу поразлична. Драги девојки, оваа сезона заборавете на штиклите, бидејќи балетанките повторно се враќаат на врвот на листата со трендови!

Имено балетанките се омилените обувки на девојките што сакаат удобност пред сè, додека истовремено сакаат и да го задржат нежниот и женствен изглед. Балетанките исто така можат да се вклопат со секоја комбинација, без разлика дали станува збор за дневен или вечерен аутфит. Најважното од сè? Тие се навистина практична за сите ситуации.

За оние што не сакаат целосно да се откажат од потпетицата, слободно одберете модел со мала штикла. А ако сакате да вложите во пар балетанки што никогаш нема да излезат од мода, одберете едноставен модел во црна боја и чувајте ги и за следните сезони. Можностите за комбинирање се бесконечни, па тие ќе ви се најдат за сè.

Па, дали и вие сте пресреќни што конечно можете да уживате во удобноста додека истовремено сте и во чекор со модата? Исто така знаете ли што одлично оди со балетанки? Сакоа! Дознајте кои се најпопуларните есенски модели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар