Забавни и корисни активности во семејството: Научете го вашето дете да готви

Децата уживаат да подготвуваат оброци, затоа што, за нив, тоа е посебна игра, во која учествуваат заедно со нивните родители.

Забавни и корисни активности во семејството: Научете го вашето дете да готви

Во времето на нашите баби, тајните за готвење беа пренесувани од генерација на генерација. Тие поминуваа многу часови во учење на децата на оваа вештина. Денес, во време на брза храна, видео игри и густиот распоред на дневните одговорности на родителите и децата, готвењето е запоставено.

Зошто е важно да го научиме нашето дете да готви?

Децата уживаат да ги подготвуваат своите оброци. За нив, тоа е посебна игра, во која тие учествуваат заедно со нивните родители. Тие мерат, мешаат, сечкаат и се чувствуваат задоволно додека помагаат да се создаде нешто толку важно за целото семејство.

Зачувувањето на семејната традиција е, исто така, значајна причина за вклучување на децата во подготовка на храна (пренесување на „тајните“ рецепти на баба).

Постојат бројни причини да ги научите децата како да готват (меѓу другото, затоа што брзата храна е скапа и нездрава), но што е најважно, со тоа што ги подучувате, тие веројатно ќе пораснат во здрави и одговорни личности. Овозможувајќи му на вашето дете да ја процени свежината на храната и да ги претвори состојките во вкусна храна, му помагате да направи мудар избор за тоа што да јаде.

Забавни и корисни активности во семејството: Научете го вашето дете да готви

Готвењето е активност за сите возрасти

Децата треба да бидат вклучени во подготовката на храна од рана возраст, во зависност од нивната вештина и интерес. Важно е да знаеме со што да се започне.

– На возраст од 3 до 6 години, децата можат да го мијат овошјето и зеленчукот, да сервираат, да ја раскренат трпезариска маса, да помогнат во подготовката на храна (додавање состојки, мешање), да ја исчистат работната површина, да стават хартија за печење во тава.

– Децата на возраст од 6 до 10 години ќе ви помогнат со тоа што ќе ви ги прочитаат рецептите, ќе напишат список за пазарување, ќе ви ги додаваат состојките при готвење, ќе матат со електричен миксер, ќе го исчистат овошјето и зеленчукот и слично.

– Кујнски активности за деца на возраст од 10 до 13 години: подготовка на едноставен рецепт – со мала помош, користење микробранова печка и шпорет, рендање и употреба на нож – под надзор.

– Тинејџерите веќе можат сами да испланираат здрав оброк, како и избор на оброци што треба да се сервираат на забава или на специјална вечера. Тие можат да подготват некој рецепт, да направат список од производи за пазарување и да приготват покомплексни оброци – под надзор.

Споредни активности во кујната

Покрај готвењето, важно е детето да учи да одржува и хигиена во кујната. Во зависност од возраста, научете го да ги мие или брише садовите, да ја исчисти работната површина и слично. Важно е да ја напушти кујната само кога сè ќе биде чисто. Исто така, покрај преземањето на сите мерки на претпазливост, треба да ја направите кујната безбедна и да ги научете вашите деца да бидат внимателни, со тоа што сами ќе се грижат за себе.

Можеби сакате да дознаете и кои се најголемите грешки што ги правите во кујната?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар