За здраво срце: Овие 3 работи се најважни при купување намирници

За здраво срце: Овие 3 работи се најважни при купување намирници

Ако се грижите за здравјето на вашиот кардиоваскуларен систем, веројатно знаете дека е пожелно да јадете помалку месо и повеќе зеленчук. Кога станува збор за спакувана храна, немате друг избор освен внимателно да прочитате што пишува на етикетата за составот и за хранливата вредност на производот. Обрнете внимание на следниве три работи ако здравјето на срцето ви е во преден план.

За здраво срце: Овие 3 работи се најважни при купување намирници

1. Содржина на натриум

Проверете дали храната што ја купувате да ја има најмалата можна содржина на натриум. Кардиолозите препорачуваат да не консумирате повеќе од 2.300 милиграми натриум на ден. Ова значи дека треба да ѝ додавате помалку сол на храната, а кога ќе се најдете во продавница, секогаш изберете ја онаа храна со помала содржина на натриум.

2. Удел на влакната во вкупните јаглехидрати

Колку е поголема содржината на растителни влакна во јаглехидратите во производот, толку е подобро за здравјето на вашиот кардиоваскуларен систем. Храната богата со растителни влакна има помалку трансмасти, рафиниран шеќер, натриум и други супстанции што не се добри за здравјето на вашето срце.

3. Квалитет на мастите

Кога станува збор за мастите, важно е да обрнете внимание на односот на вкупните масти и заситените масти. Вашата цел треба да биде да го направите овој сооднос колку што е можно поголем за да можете да внесувате доволно здрави, незаситени масти во вашето тело.

Прочитајте кои 7 навики се важни за здраво срце.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар