За сите сингл девојки: Како да го поминете Денот на вљубените сами?

За сите сингл девојки: Како да го поминете Денот на вљубените сами?

Денот на вљубените само што не пристигнал и вие немате ни потенцијален додворувач, а не пак нешто повеќе. Но, тоа не значи дека не можете да уживате и да си го прославите денот! Има толку многу забавни работи кои можете да ги направите што целосно ќе заборавите дека сте сингл. Искористете го празников за да ја прославите љубовта: Љубовта кон себеси, кон вашите пријатели, семејство, кон целиот свет! Романтичната љубов не е единствениот вид љубов што постои. Прочитајте ги овие 7 идеи и поминете си одлично за Денот на вљубените и покрај тоа што немате партнер…

За сите сингл девојки: Како да го поминете Денот на вљубените сами?

1. Посветете си време на себе

Со оглед на тоа што Денот на вљубените ја прославува љубовта, поминете го денот сакајќи се себеси. Земете си слободен ден од работа или завршете еден час порано и правете што сакате. Почестете се со маникир или останете дома, нарачајте си вкусна храна и изгледајте ги сите филмови што актерот во кој потајно сте заљубени некогаш ги снимил. Направете си целовечерен маратон со вашите омилени серии. Како ќе одлучите да го поминете денот, останува само на вас.

2. Посветете се на работата

Доколку горенаведеното опуштање ви делува претерано, можете да го направите токму спротивното. Искористете го денот за да завршите или почнете нешто што веќе некое време сте го планирале. Завршете го проектот што цело време го одложувате, испратете ги сите имејлови што ги одбегнувате или средете си го плакарот.

3. Вљубете се во нешто ново

Дали отсекогаш сте сакале да почнете со јога или да научите како да танцувате? Дали сте сакале да научите да зготвите некое вкусно јадење? Поставете си некаков предизвик и направете нешто што никогаш претходно не сте се осмелиле да го направите.

4. Подарете љубов

Истражувањата докажале дека добрината е заразна, така што започнете епидемија. Направете им љубовни писменца на луѓето што ви се блиски, на вашите колеги и пријатели, па дури и на оние кои не ги познавате толку добро, како на пример на келнерот кој секогаш ви носи најубаво кафе. Доколку не сте расположени да подарите љубов на ваков начин, секогаш можете да волонтирате. Вклучете се во некоја хуманитарна организација и направете го светот подобро место за живеење.

За сите сингл девојки: Како да го поминете Денот на вљубените сами?

5. Разменете си подароци со другарките

Кому му треба дечко кога имате толку прекрасни пријателки? Соберете ги вашите најдобри другарки, напишете си ги вашите имиња на листови хартија, секоја од вас нека извлече по едно ливче и нека ѝ купи подарок на личноста која ја извлекла. Потоа, соберете се за Денот на вљубените и разменете си ги подароците. Дотерајте се и излезете некаде. Прославете го денот на пријателската љубов!

6. Организирајте забава

Доколку мислите дека вашето друштво нема да биде расположено за размена на подароци, поканете ги вашите пријателки кај вас дома и организирајте мала интимна забава.

7. Размислете што очекувате од љубовта

Можеби моментално не сте заинтересирани за почнување љубовни врски и мислите дека никогаш нема да доживеете вистинска љубов, но не заборавајте дека секој може неочекувано да се заљуби, па дури и вие. Токму затоа, одвојте некоја минута за да запишете кои се вашите цели во љубовта. Анализирајте ги вашите грешки од минатото и добро размислете како би сакале да изгледа вашата следна љубовна врска. Без разлика дали планирате да останете сингл во наредните 10 години или сакате од утре да почнете да барате дечко, оваа анализа ќе ви ги разјасни работите и ќе ви помогне да го направите вистинскиот избор.

Доколку го поминувате Денот на вљубените сами, ќе ви треба и музичка плејлиста во која ќе можат да се пронајдат сите оние кои нема да го прославуваат овој празник.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар