За сите оние што мислат дека „повеќе е подобро“, оваа сезона во тренд е максимализмот

За сите оние што мислат дека „повеќе е подобро“, оваа сезона во тренд е максимализмот

Максимализмот е еден од клучните зборови оваа сезона. Ако и вие мислите дека „повеќе е подобро“, најбезбеден прв чекор да го следите овој тренд е капут што ќе ве доведе во центарот на вниманието со својата боја (или комбинација од неколку бои), но и со својата големина – изберете капут во поголем број или модел со макси должина. Во продолжение погледнете што носи друго овој моден тренд.

Капут во центарот на вниманието

za-site-onie-shto-mislat-deka-povekje-e-podobro-ovaa-sezona-vo-trend-e-maksimalizmot

Впечатливите принтови и живописните бои ќе бидат дел од уличната мода оваа зима и тоа почнувајќи од неонски комбинации и вештачко крзно до предимензионални капути со впечатливи бои и додатоци. Приберете ги здодевните капути во вашиот плакар и комбинирајте нешто повпечатливо.

Панталони со змиски принт

za-site-onie-shto-mislat-deka-povekje-e-podobro-ovaa-sezona-vo-trend-e-maksimalizmot

Панталоните од лакована змиска кожа (или попрецизно од синтетика што дава таков ефект) може да се носат и во класични бои и во некои неочекувани нијанси, а добивате дополнителни поени ако ги комбинирате со контрастен горен дел.

Мека, помека, најмека чанта

За сите оние што мислат дека „повеќе е подобро“, оваа сезона во тренд е максимализмот

Вистинско или вештачко, ова сезона крзното се носи директно под рака и ве мами да го прегрнете кога ќе ви биде ладно. Без разлка дали станува збор за природни нијанси или вештачки бои, замислете ги овие чанти како нови миленици и носете ги со вас насекаде.

Џемпер

За сите оние што мислат дека „повеќе е подобро“, оваа сезона во тренд е максимализмот

Најдобрите џемпери оваа сезона се џемперите со апликации, со дезени, со реси, со кристали, па дури и со пердуви. Носете ги од утро до вечер, но ако не сакате џемпери со додатоци, тогаш одлучете се за една од многуте луди комбинации на бои.

Погледнете го овој моден календар што ќе ви даде инспирација за секој ден од декември.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар