За девојките со стил: Модели на блузи кои ќе ги обожавате оваа сезона

Сега кога знаеме дека пролетта пристигна, конечно можеме слободно да се радуваме што ќе се ослободиме од тешките џемпери и дебелите ролки. Гардеробата од тенок материјал и кардиганите се секогаш добредојдени бидејќи можете да ги носите и во текот на зимата, но и во текот на пролетта кога можат да ви послужат како јакни.

1-za-devojkite-so-stil-modeli-na-bluzi-koi-kje-gi-obozhavate-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

Меѓутоа, кога ќе се навикнеме на гардеробата која ја користевме во текот на зимските месеци и кога ќе дојде новото годишно време, си го поставуваме прашањето што сега да облечеме и се обидуваме да се досетиме што сме носеле минатата година во ова време. Најчесто, проблем имаме со горните парчиња гардероба. Панталоните можеме да ги носиме од сезона во сезона, особено кога се фармерките во прашање, но ролките и џемперите треба да ги замениме со нешто поудобно и потенко.

Многу омилени работи се заборавени на дното од гардероберот и често доаѓаме во ситуација да имаме впечаток дека со новите температури немаме што да облечеме. Но, не грижете се затоа што ние сме овде за да ве потсетиме и да ви дадеме некои нови предлози кои ќе ви помогнат во секојдневното облекување. Еве ја листата од најдобрите модели на блузи кои со задоволство ќе ги носите оваа пролет.

1. Ролка без ракави

Без оглед на тоа колку години или колку килограми имате, вашите рамена секогаш изгледаат добро, а ќе можете да ги покриете со сако или подолг кардиган. Овој модел на блуза секогаш доаѓа добро како основа на целата комбинација. Идеална е за топлите денови, кога откако ќе завршите со работата и ќе излезете од канцеларијата, слободно ќе можете да го соблечете сакото и да останете со голи раце.

2-za-devojkite-so-stil-modeli-na-bluzi-koi-kje-gi-obozhavate-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_ 3-za-devojkite-so-stil-modeli-na-bluzi-koi-kje-gi-obozhavate-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

2. Кошула без ракави во форма на „V“

Овој крој на блуза го става акцент на женските облини, но на вистински начин, таму каде што е потребно. Доколку сакате да добиете предизвикувачка фигура на песочен часовник тогаш облечете ваква блуза и вовлечете ја во панталоните или здолништето за додатно да ги истакне вашите облини. Овие блузи воглавно се подолги, но и потесни во струкот така што се прилагодливи да ги носите вовлечени или пуштени преку панталоните.

4-za-devojkite-so-stil-modeli-na-bluzi-koi-kje-gi-obozhavate-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_ 5-za-devojkite-so-stil-modeli-na-bluzi-koi-kje-gi-obozhavate-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

3. Ракави со волумен

Доколку мислите дека имате проблем со рацете и дека пределот над лактите ви е малку поголем, тогаш овој модел на кошула или блуза е идеален за вас. Широките ракави ги прекриваат сите незгодни делови кои ви сметаат, па тие се одлично решение за сите прилики. Покрај тоа, ваквите ракави се голем тренд за оваа сезона, па така ќе ги носат сите жени, бидејќи даваат шик димензија на секоја комбинација.

6-za-devojkite-so-stil-modeli-na-bluzi-koi-kje-gi-obozhavate-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_ 7-za-devojkite-so-stil-modeli-na-bluzi-koi-kje-gi-obozhavate-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

4. Блуза на преклоп

Дали имате стомак кој жестоко сакате да го прекриете со цел да не излегува секогаш во прв план? Не грижете се, бидејќи моделите на блузи на преклоп апсолутно се вклопуваат во оваа приказна, па слободно можете да воздивнете. Преклопот кој се наоѓа токму во пределот на стомакот ќе ви помогне да ја прекриете критичната зона на средниот дел од телото, што всушност е главната предност на овој модел на блуза. Лесно се комбинира со секое парче облека, со здолниште и панталони, па нема да имате дополнителни грижи.

8-za-devojkite-so-stil-modeli-na-bluzi-koi-kje-gi-obozhavate-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_ 9-za-devojkite-so-stil-modeli-na-bluzi-koi-kje-gi-obozhavate-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_

5. Блузи со отвори

Ваквиот модел на блузи се препорачува за помладата генерација или на оние со совршено рамен стомак, бидејќи со оглед на тоа дека овој модел е пократок и плус од страните има отвори кои откриваат дел од кожата, ги открива сите недостатоци кои ги имате доколку не сте тренирале редовно или не сте воделе ред во исхраната. Покрај тоа, не се соодветни за кои било други прилики освен за приватни, па се очекува да ги носите надвор од работното време или за вечерни излегувања. Предноста на овие модели е дека изгледаат премногу предизвикувачки и можете да ги комбинирате со здолништа и панталони со висок струк, кои нема тотално да го откриваат вашиот стомак.

10-za-devojkite-so-stil-modeli-na-bluzi-koi-kje-gi-obozhavate-ovaa-sezona-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар