Воспаление на грло: Кога можеме да го излекуваме сами, а кога помошта од доктор е задолжителна?

Во зависност од тоа дали воспалението го предизвикува вирусна или бактериска инфекција, можно е да го санирате самостојно или со помош на доктор и употреба на антибиотици.

1-vospalenie-na-grloto-koga-mozheme-da-go-izlekuvame-sami-a-koga-pomoshta-od-doktor-e-zadolzhitelna-www.kafepauza.mk_

Првиот симптом на вирусна или бактериска инфекција најчесто е воспаление на грлото, а зависно од тоа што ја предизвикува несаканата појава, таа може да трае кратко или да нè мачи неколку дена и да се претвори во здравствен проблем кој мораме да го лекуваме со здравствена помош.

Најпрво, како да правите разлика помеѓу воспаление предизвикано од вирусна инфекција и воспаление предизвикано од бактериска инфекција?

Воспаление на грло предизвикано од вирусна инфекција:

  • Настапува постепено
  • На почетокот се карактеризира со благо чувство на пецкање во грлото кое потоа се проширува
  • Голтањето е најчесто благо отежнато
  • Следува грозница и кашлица
  • Се санира без здравствена помош, со топли напивки, пастили, прополис или разни домашни рецепти

Воспаление на грло предизвикано од бактериска инфекција:

  • Настапува нагло
  • Грлото е црвено, болно и натечено
  • Зависно од сериозноста на инфекцијата, можно е отекување на лимфните јазли во областа околу вратот
  • Голтањето е многу отежнато
  • Појава на бели дамки на крајниците
  • Губење на гласот
  • Покачена телесна температура, губење апетит и слабост
  • Се лекува со помош од доктор, најчесто со препишување на вистинскиот антибиотик

2-vospalenie-na-grloto-koga-mozheme-da-go-izlekuvame-sami-a-koga-pomoshta-od-doktor-e-zadolzhitelna-www.kafepauza.mk_

Во зависност на тоа кој дел од грлото го зафаќа, воспалението можеме да го поделиме на:

  • Воспаление на фаринксот (фарингитис)
  • Воспаление на крајниците (тонзилитис)
  • Воспаление на гркланот и гласилките (ларингитис)

Независно од тоа кој тип воспаление на грло имате, клучно е да ја спречите дехидрацијата за грлото постојано да биде влажно. Затоа треба да внесувате многу течности.

Можете да испробате и разни благотворни домашни рецепти како чај од лук и нане, што имаат силни антибактериски и антивоспалителни дејства, па затоа се добар избор и кај вирусните и кај бактериските инфекции на грлото. Гаргарата со солена вода е уште еден проверен начин за ублажување на воспаленото и болно грло.

Направете и домашни напивки од мед и ѓумбир, а доколку не сакате ѓумбир тогаш изберете напивки на база на лековити билки како на пример жалфија и мајчина душица. Доколку повторно ја чувствувате болката, погледнете ги и овие намирници коишто со сигурност ќе ви ја ублажат болката во грлото.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар