Водич за почетници: Како да носите смели принтови?

Ако помислата на преголеми цветови и линии ве плаши, смирете се. Всушност, многу е полесно да носите смели принтови отколку што мислите. Во продолжение погледнете неколку совети за почетници кои ќе ви помогнат да го освежите вашиот стил.

1. Комбинирајте со црно и бело

(1)vodich-za-pochetnici-kako-da-nosite-smeli-printovi-kafepauza.mk

Контрастот помеѓу црната и белата боја изгледа прекрасно, а на ова многу е лесно да додадете некој принт. Малку црна боја на принтот ќе направи да изгледате уште подобро.

2. Облечете едноставна основа

(2)vodich-za-pochetnici-kako-da-nosite-smeli-printovi-kafepauza.mk

За разлика од црното и белото, неутралните тонови му овозможуваат на принтот да дојде до израз. Пробајте да комбинирате беж јакна со шарен фустан. Или пак фустан со боја на песок врз кој ќе облечете шарено палто.

3. Искористете ја основната боја на принтот за останатите парчиња

(3)vodich-za-pochetnici-kako-da-nosite-smeli-printovi-kafepauza.mk

Ако основата на принтот има иста боја со другата облека, тој нема многу да дојде до израз. Можете да го следите примерот на фотографијата, принт со бела основа и бели панталони. Се разбира, можете да експериментирате и со други бои.

4. Додајте нова нијанса

(4)vodich-za-pochetnici-kako-da-nosite-smeli-printovi-kafepauza.mk

Ако се чувствувате похрабро, одберете нијанса која е побогата од принтот. Дури и најсветлите бои ќе изгледаат одлично и совршено ќе се вклопат.

5. Одберете минимални аксесоари

(5)vodich-za-pochetnici-kako-da-nosite-smeli-printovi-kafepauza.mk

Овде станува збор и за стил и за квантитет. Белите чевли и сините чорапи на фотографијата одлично прилегаат на дезенот на фустанот. Одберете минимални аксесоари и никогаш нема да претерате, дури и ако носите смел принт.

Ако ви е страв да експериментирате, погледнете кои се парчињата облека кои секогаш се во мода и со кои нема да погрешите.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар