Во борбата против кашлицата, сокот од ананас е дури 5 пати поделотворен од лековите

Во борбата против кашлицата, сокот од ананас е дури 5 пати поделотворен од лековите

Дали некогаш сте слушнале дека е добро да пиете сок од ананас за да ја ублажите кашлицата? Ова навистина делува! Освен тоа што содржи голема количина витамин Ц кој помага при спречувањето на болестите, ананасот исто така содржи и бромелаин, ензим што делува благотворно на воспаленијата. Оваа комбинација од натриени помага при спречување на болеста така што ги уништува бактериите вклучувајќи ги и оние што се наоѓаат во грлото. Истражувањата покажуваат дека екстрактот од ананас ја намалува слузта дури до 5 пати побрзо од вообичаените сирупи против кашлица.

2-vo-borbata-protiv-kashlicata-sokot-od-ananas-e-duri-5-pati-podelotvoren-od-lekovite-www.kafepauza.mk_

Против кој вид кашлица е делотворен?

Сокот од ананас е делотворен и во борбата против најупорната кашлица, но не и ако е во прашање нешто посериозно, како на пример, воспаление на белите дробови. Сокот е поевтино, поздраво и секако повкусно решение.

Како делува?

Освен нитратите што се наоѓаат во ананасот, сокот од ананас помага кога грлото е суво така што го стимулира исфрлањето на слузта. Густата слуз во белите дробови или синусите може да предизвика сериозна кашлица, кивање или болни воспаленија.

Во истражувањето објавено во „Der Pharma Chemica“ од 2010 година, експертите се обиделе да пронајдат корисен третман за пациентите кои боледуваат од туберкулоза и различни инфекции. Тие откриле дека комбинацијата од ананас, бибер, сол и мед е доста ефикасна при намалување на слузта во дробовите и за исфрлање на истата од грлото.

Домашниот сок од ананас е доста поздрав од купениот. Купениот сок содржи различни адитиви, дополнителен шеќер, фруктоза и пченкарен сируп. Доколку купувате сок, побарајте го оној без дополнителен шеќер или едноставно направете го сами од свеж ананас.

3-vo-borbata-protiv-kashlicata-sokot-od-ananas-e-duri-5-pati-podelotvoren-od-lekovite-www.kafepauza.mk_

Рецепт за сок од ананас кој е одличен против кашлица

Потребни состојки:

  • 230 милилитри свежо исцеден сок од ананас
  • 60 милилитри лимонов сок
  • Парче ѓумбир
  • 1 лажица мед
  • 1/2 лажица црвена пиперка

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и пијте го сокот од 2 до 3 пати во текот на денот, секојдневно.

Сега знаете како да се решите од кашлицата на природен начин, без консумирање грозни сирупи и лекови против кашлица. Се надеваме дека вашата кашлица брзо ќе исчезне!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар