Во 2017 година засакајте ја најважната личност во вашиот живот – себе!

Во 2017 година засакајте ја најважната личност во вашиот живот – себе!

За време на новогодишните празници постојано се зборува за љубовта, како и за отвореноста на срцето кон другите. Но кога е во прашање љубовта, постојано забораваме на една важна личност, можеби дури и најважната во нашиот живот. А, тоа сме ние самите. Љубовта кон себе е исклучително важна за здрав и среќен живот. Кога луѓето сè повеќе ќе се засакуваат, неверојатно е колку нивниот живот ќе се подобри. Тие ќе се чувствуваат подобро. Ќе чувствуваат дека имаат цел во животот. Полесно ќе ги прифаќаат другите. Се подобрува дури и нивната животна ситуација. Им се подобруваат односите со останатите, исчезнуваат негативните контакти и се започнуваат нови и квалитетни. Да се сакате себеси е преубава авантура. Тоа е како да учите да летате – само што тоа нема да биде физички, туку психички. А, во тоа ќе ви помогнат овие 10 заповеди.

1. Престанете со самокритики

Критикувањето ретко кога раѓа плод, а кога е во прашање самокритиката – таа никогаш не придонесува за подобрување на ситуацијата. Престанете да се критикувате самите себеси и прифатете се такви какви што сте. Сите се менуваат, а ако постојано се критикувате, вашите промени ќе бидат негативни. Кога ќе се прифатите во целост, тогаш промените ќе бидат позитивни!

2. Простете си

Оставете го минатото токму каде што се припаѓа – во минатото. Вие тогаш сте го направиле најдоброто што сте можеле, знаеле и разбирале. Но и да не било така, немојте да се грижите за минатото. Вие можете само во сегашноста да се промените, да растете како личност и да живеете поразлично.

3. Немојте да се плашите

Престанете да се мачите со сопствените мисли и стравови. Тоа не е никаков начин за да живеете. Пронајдете ментална слика која ви се допаѓа, која е удобна и веднаш ќе започнете да размислувате позитивно.

4. Бидете нежни, пријателски и треперливи

Бидете нежни кон себе. Станете си најдобри пријатели. Имајте трпение додека учите нови начни на размислување. Однесувајте се кон себе како што би се однесувале кон некого кого вистински го сакате.

5. Редовно фалете си се за постигнувањата

Можеби сте слушнале дека фалењето не е добро, но тоа се однесува на фалењето пред другите. Овде станува збор за пофалните зборови што си ги упатувате кон самите себеси. Критиката го крши нашиот дух, додека пофалбата му дава крила. Бидете си своја потпора и заслужено чувствувајте се добро кога ќе успеете во вашите напори.

2-vo-ovaa-nova-godina-zasakajte-ja-najvazhnata-lichnost-sebe-www.kafepauza.mk_

6. Пронајдете поддршка

Пронајдете начини и луѓе кои ќе ви бидат поддршка. Побарајте ги вашите блиски пријатели и дозволете им да ви помогнат. Само вистинско силните личности знаат да побараат помош кога им е навистина потребна.

7. Прифатете ги и променете ги вашите негативности

Сите ние имаме свои маани, но наместо да очајувате поради нив (или да ги игнорирате) подобро прифатете ги, бидете свесни за нивното постоење и обидете се да ги промените. Пронајдете нови, позитивни начини за да ги решавате проблемите, немојте да бегате кон вашите негативности.

8. Грижете се за вашето тело

Започнете да се храните поздраво и да му служите на вашето тело. Која храна ви одговара? Од која храна имате поголема енергија и виталност? Научете нешто повеќе за вежбањето и започнете повеќе да се занимавате со оној начин на вежбање во кој најмногу уживате.

9. Сакајте се себе… И направете го тоа уште сега!

Немојте да чекате да се чувствувате подобро, да изгубите неколку килограми, да пронајдете нова работа, да започнете нова врска. Започнете уште сега и обидувајте се најмногу што можете.

10. И забавувајте се…

Присетете се како сте се радувале на малите работи кога сте биле дете. Започнете да ја применувате таа „филозофија“ и сега. Обидете се во сè што правите и што ве опкружува да пронајдете нешто позитивно, нешто што ќе ве развесели. Смејте се, па дури и ако на почетокот треба да го правите тоа присилно. Ако нешто доволно долго се повторува тоа прераснува во навика – а смеата и веселбата се најдобрата навика која можете да ја стекнете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар