Вкусна зимска торта: Чоколадна фантазија со цимет

Вкусна зимска торта: Чоколадна фантазија со цимет

Мирисот на цимет и чоколадо ќе ви ја стопли душата! Пробајте ја оваа прекрасна торта…

Вкусна зимска торта: Чоколадна фантазија со цимет

Потребни состојки:
  • 4 јајца
  • Цимет
  • 225 грама шеќер
  • 100 грама брашно
  • 75 грама густин
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 лажичка мелени лешници
  • 2 и пол лажички какао
  • 3 и пол лажички чоколадни струготини
  • 50 грама путер
  • 8 листови желатин
  • 200 милилитри млеко
  • 50 грама чоколадо
  • 150 грама чоколаден јогурт
  • 800 милилитри павлака
  • 2 лажички зацврстувач за шлаг пена
  • 50 грама чоколадни декорации
Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Изматете ги заедно јајцата, половина лажичка цимет, четири лажици вода и 175 грама шеќер. Измешајте ги брашното, густинот и прашокот за печиво, ставете ги во кремот, додајте и мелени лешници, лажичка какао и лажичка чоколадни струготини. Додајте и мек путер, па промешајте. Смесата ставете ја во калап (со дијаметар 26 сантиметри) кој претходно сте го обложиле со хартија за печење, па печете околу 30 минути. Потоа извадете го, отстранете ја хартијата и оставете да се олади.

Пресечете ја кората два пати хоризонтално. Долната кора зацврстете ја, а желатинот растопете го. Загрејте го млекото со половина лажичка цимет и 50 грама шеќер, но не го варете. Во оваа смеса растопете го чоколадото. Додајте го желатинот, промешајте и оставете малку да се олади. Чоколадниот јогурт ставете го во млака смеса. Изматете 600 милилитри павлака и соединете ја со смесата. Со една третина крем премачкајте ја долната кора, покријте со другата, повторно ставете една третина и ставете ја третата кора, па премачкајте со остатокот од кремот. Оставете тортата да се олади четири часа, а потоа отстранете го калапот. Помешајте го зацвстувачот за шлаг пена со малку цимет, лажичка какао и 200 милилитри павлака, па со дел од оваа смеса премачкајте ја тортата од околу, па потоа посипете чоколадни струготини. На тортата ставете шаблон со ѕвезда, па посипете со лажичка какао. Остатокот од кремот ставете го во шприц и декорирајте. Исто така можете да додадете уште чоколадни струготини, по ваша желба и вкус.

Сега сте спремни да ги изненадите вашите најмили!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар