Вистинската причина за внатрешната празнина и како да се справите со неа

Вистинската причина за внатрешната празнина и како да се справите со неа

Дали често се чувствувате празно? Дали верувате дека другите треба да ја пополнат таа празнина? Ако се чувствувате вака, не сте единствените. Многу луѓе чувствуваат празнина и повеќето од нив имаат лажни верувања за причината за ова. Најчесто сметаат дека се чувствуваат празно бидејќи:

Вистинската причина за внатрешната празнина и како да се справите со неа

  • Партнерот не им обрнува доволно внимание.
  • Немаат партнер.
  • Здодевно им е бидејќи партнерот не ги стимулира доволно.
  • Незадоволни се од работното место.
  • Не се доволно успешни.
  • Немаат доволно пари.
  • Немаат со кого да се дружат за викендите.
  • Ништо не ги возбудува.
  • Не добиваат доволно љубов, внимание и признание од другите.
  • Немаат доволно секс.

Вистината е дека ниту едно од овие нешта не е одговорно за празнината што ја чувствувате.

Како се справувате со внатрешната празнина?

Постојат многу супстанци, процеси, однесувања и активности кои луѓето ги употребуваат со цел да ја пополнат празнината. Овие нешта можеби функционираат, но не за долго. Наскоро празнината се враќа и тие повторно бараат некаков излез. Проблемот е што ова однесување делува само на симптомите, но не и на причината за чувството на празнина. Овде спаѓаат:

  • Супстанци како храна, шеќер, алкохол и цигари.
  • Процеси и активности како телевизија, Интернет, секс, компјутерски игри, работа, шопинг, трошење пари, коцкање, телефон, електронски пораки.
  • Манипулации како гнев, вина, претерано размислување, кажување приказни, грижа за другите.

Причината за внатрешната празнина

Постои само едно нешто што може да ја исполни празнината – љубов. Постои само едно нешто што предизвикува празнина – недостаток од љубов.

Но причината не е недостаток од нечија љубов. Внатрешната празнина е бидејќи не се сакате себеси. Таа потекнува од недостатокот на поврзаност со вашиот духовен извор на љубов. Како што децата се чувствуваат сами и празни кога нема кој да ги сака, и вашето внатрешно дете се чувствува празно кога не сте овде за него. Кога се напуштате себеси со тоа што си судите, ги игнорирате вашите чувства и ги правите другите одговорни за емоциите, ќе се чувствувате празно. Со тоа што се напуштате, самите си ја предизвикувате празнината.

Вашето его е полно со лажни верувања за тоа кои навистина сте. Најчесто се гледате како неадекватни, недоволно добри, себични, лоши. Ова се програмирани верувања во кои нема никаква вистина, но можат да ви го уништат животот. Кога верувате дека не сте доволно добри тогаш се свртувате кон другите и кон зависностите со цел да се чувствувате подобро.

Научете да се сакате себеси

Вистината за тоа кои сте доаѓа од вашиот дух, од вашето повисоко јас, од вашиот духовен водич. Кога ќе се отворите кон оваа вистина и ќе научите кои сте и што ви е потребно, ќе ја исполните вашата внатрешна празнина.

Променете ја вашата намера. Наместо да протестирате против болката и да ја избегнувате одговорноста за себе, научете што навистина значи да се сакате себеси и другите. Уште денес одберете да научите нешто повеќе за љубовта кон себе, дури и ако не верувате дека има надеж за вас. Ќе почнете да се чувствувате полни со љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар