Вашата цел не е да им служите на мажите: 6 заповеди наменети за сите жени

Вашата цел не е да им служите на мажите: 6 заповеди наменети за сите жени

Откако ќе стапат во брак и ќе родат дете, многу дами забораваат на себе и своите потреби. Токму тоа е нешто што никогаш не смеете да го дозволите, бидејќи во спротивно вашиот живот ќе стане неподнослив. Со цел да ја спречите појавата на оваа состојба на неисполнетост и стрес, вие мора секојдневно да се борите за да бидете среќни. Еве како можете да го направите тоа…

Вашата цел не е да им служите на мажите: 6 заповеди наменети за сите жени

1. Правете сè со леснотија и љубов

Како што велат филозофите – тоа што е внатре, истото е и надвор. Ако на сè се радувате и уживате во секој момент од животот, вие ќе станете исто толку убави и привлечни за сите околу вас. Вашето добро расположение е како кругови на површината од вода, тие започнуваат од вас, а се шират кон сите останати. Не заборавајте дека покрај среќните мајки живеат и среќни деца, додека покрај среќните жени живеат среќни мажи.

2. Никому ништо не должите

Наместо едноставно да се ослободите од оние нешта кои не ги сакате, вие се нервирате себеси, ги нервирате сите останати и се претворате во огорчени жени. Никој не ве тера да робувате во кујна, правејќи 5 различни оброци за 1 ручек. Време е да заборавите на верувањето дека без добар ручек на маса вашиот сопруг ќе ве остави, а децата ќе ви умрат од глад, бидејќи токму тоа ве гуши и ве спречува да бидете среќни.

3. Не се грижите за туѓото мислење

Единственото нешто кое е навистина важно е тоа што вие го мислите за себе. А мислењето за себе треба да ви биде само убаво. Ако некој размислува различно, тоа е нивен проблем. Секоја жена треба да го бара совршенството само во своите очи, а не во очите на другите. Добро држење, лесно одење, подигната брада… Зарем според овие карактеристики некој ќе се посомнева дека сте богиња, совршена и среќна жена? Не.

4. Носете женствена и привлечна облека дури и кога сте со дете во своите раце

Кај нас постои навика жените да се дотеруваат кога излегуваат од дома, одат на работа или на гости. Кога се дома, тие се во пижами, без грам шминка на своето лице. Но, погледнете ги малку ориенталните дами. За другите луѓе тие не мора да се дотеруваат, но кога се дома сами, со сопругот или пријателите, тие изгледаат како кралици. И сè тоа го прават за себе. Златно правило, се согласувате?

5. Целта на жените не е да ги служат мажите, туку да ги инспирираат

Домаќинка и жена, тоа не е истото нешто. Домаќинката е со престилка и лажица за мешање во својата рака која постојано е под стрес и се грижи, додека жената е онаа која има моќ да ја развесели куќата, да се претвори во инспирација и да направи сè што ќе посака. Девојки, вклучете ја вашата фантазија и можете да бидете сè што ќе посакате. Движете се повеќе, запишете се на танц, грижете се за вашето тело.

6. Вие постоите и тоа е доволно за среќа

Доколку постојано со сè се согласувате, се чувствувате криво, несреќно, тажно и ја потиснувате вашата индивидуалност, тогаш брзо ќе се изгубите. Време е да почнете да се сакате онакви какви што навистина сте и да му се радувате на животот доколку сакате да живеете исполнето. Вие можете слободно да ги трошите вашите пари онака како што сакате, без грижа на совест. Вие можете слободно да се спуштите со бели пантолони низ тобоган за деца. Вие можете слободно да излезете со пријателките во онаа облека која ви се допаѓа. Кој вели дека не можете да направите ништо од тоа што го посакувате за да бидете среќни?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар