Уживајте во лубеницата на 3 креативни начини

Лубеницата може да се исече на неколку начини, но обично секогаш ја јадеме на истиот. Сепак, постојат и некои покреативни начини за сервирање лубеница, благодарение на кои уште повеќе можете да уживате во нејзиниот вкус.

0-uzhivajte-vo-lubenicata-na-3-kreativni-nachini-kafepauza.mk

Лубеницата најмногу се состои од вода, затоа е идеално решение за задоволување на чувството на глад и жед. Исто така, таа е и богата со антиоксиданси и диететски влакна, па затоа се препорачува почесто да се конзумира.

Сок од лубеница

Лубеницата можете да ја сервирате како пијалак. Подготовка не е потребна, ви треба само лубеница, мраз и блендер. Исчистете ги семките од лубеницата, исечете ја на коцки и ставете ги во блендер. Додајте иста количина мраз и пуштете да се бленда неколку минути. По желба можете да додадете шеќер, мед или некој зачин. Сервирајте во длабоки чаши.

1-uzhivajte-vo-lubenicata-na-3-kreativni-nachini-kafepauza.mk

Лубеница на стапче

Ако сте љубители на овошни сладоледи или ви доаѓаат гости, а немате да послужите ништо благо, ова е идеално брзо решение во кое сите ќе уживаат. Исечете ја лубеницата на коцки (со или без кора) и едноставно набодете ги на стапчиња и пикнете ги во ладилникот на 2 часа.

2-uzhivajte-vo-lubenicata-na-3-kreativni-nachini-kafepauza.mk

Лубеница како сад за коктели

Ова е уште еден предлог за брза подготовка на одличен десерт за вашите гости. Лубеницата пресечете ја на пола, издлабете ја до кората, и содржината исечете ја на парчиња во какви било форми. Вратете ги парчињата во „садот од лубеница“ односно во половината кора и додајте рум или вотка. Ставете го целиот „сад“ во ладилникот на неколку часа за да се спојат вкусовите.

3-uzhivajte-vo-lubenicata-na-3-kreativni-nachini-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар