Топ 10 од минатата година: Ова беа најфотографираните дневни парчиња облека на Инстаграм!

Веројатно нема личност која не користела Инстаграм во 2015 година, но и да има, нивниот број е сигурно многу мал. Тоа не е чудно, бидејќи Инстаграм е една од најпопуларните социјални мрежи за минатата година, а помеѓу најмногу фотографираните предмети таму се пронајдоа и неколку дневни парчиња облека. Годината беше долга, а ова се најпопуларните дневни облеки кои владееја на Инстаграм во 2015-та.

cats

1. Чантата од „Мансур Гавирел“

Вреќестите чанти беа „ит“ парче помеѓу познатите трендсетерки во 2015-та година, па затоа не е чудно што токму моделот од овој бренд беше еден од најпопуларните на Инстаграм.

2-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_

2. Блузите кои се заврзуваат однапред на „Reformation“

Блузите кои се заврзуваат однапред беа едни од најпопуларните и најмногу фотографираните дневни парчиња на Инстаграм. Најпопуларен помеѓу нив беше моделот на брендот „Reformation“.

3-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_

3. Колекцијата на „Балман“ за „H&M“

Ако некоја модна соработка предизвикала вистинска лудница во сите делови на светот, тогаш тоа дефинитивно е онаа на брендовите „Балман“ и „H&M“. Затоа не е чудно што токму парчиња со потпис од овие два бренда беа помеѓу најмногу фотографираните дневни парчиња на Инстаграм.

4-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_

4. Крзнените мокасини од „Гучи“

Дневното парче кое подеднакво предизвика воодушевување, но и гадење во модниот свет во 2015 година, се дефинитивно крзнените мокасини од брендот „Гучи“. Можеби тоа е и причината поради која се најдоа на листата на најмногу фотографирани дневни парчиња на Инстаграм.

5-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_

5. Шеширите на „Џанеса Леоне“

„Џанеса Леоне“ е совршен пример за бренд кој својата популарност ја доби благодарение на Инстаграм. Токму овој аксесоар на споменатата дизајнерка со месеци беше најмногу фотографираното дневно парче на оваа социјална мрежа.

5-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_

6. Фустаните од чипка на „Хан Чонг“

Ние сме големи фанови на дизајнерот Хан Чонг, чии фустани се изработени од чипка, а кои дефинитивно беа меѓу најфотографираните парчиња на Инстаграм.

7-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_

7. Патиките на Стен Смит за брендот „Адидас“

Ако некои патики ја исполнувале вашата почетна страна на Инстаграм во 2015-та година, тогаш тоа веројатно биле овие бели патики на Стен Смит за брендот „Адидас“.

8-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_

8. Балетанките од „Aquazzura“

Омиленото дневно парче на сите модни блогерки за минатата година, помеѓу останатите, беа и овие балетанки од брендот „Aquazzura“, кои тие ги комбинираа со сите дневни парчиња и во сите варијанти.

9-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_

9. Долната облека од „For Love & Lemons“

Секси долната облека со потпис на брендот „For Love & Lemons“ беше помеѓу најпровокативните парчиња кои ги носеа познатите трендсетерки минатата година, но и помеѓу најмногу фотографираните на Инстаграм.

10-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_

10. Длабоките чизми од брендот „Stuart Weitzman“

Длабоките црни чизми со потпис на брендот „Stuart Weitzman“ се дефинитивно најпопуларното парче на Инстаграм за минатата година. Тие беа шик обувки во 2015 година и се најдоа на најмногу фотографии на Инстаграм.

11-top-10-od-minatata-godina-ova-se-najmnogu-fotografiranite-dnevni-parchinja-na-instagram-www.kafepauza.mk_

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар