Тестенини во шолја: Брз и лесен ручек кој со сигурност ќе стане вашето омилено јадење

Тестенини во шолја: Брз и лесен ручек кој со сигурност ќе стане вашето омилено јадење

Овој оригинален начин на приготвување паста ќе ве воодушеви! Количината на состојките секогаш зависи од големината на садовите што ќе ги користите, но и од личниот вкус, па така слободно можете да ги додадете оние работи што вам ви се допаѓаат. Играјте си со рецептот додека не добиете совршен вкус по ваша мерка!

Тестенини во шолја: Брз и лесен ручек кој со сигурност ќе стане вашето омилено јадење

Потребни состојки:
  • Сос од домати (за болоњезе сос)
  • Моцарела
  • Босилек
  • Тестенини (најдобри се долгите макарони)
  • Рендан пармезан
Начин на подготовка:

Ставете ги макароните да се варат кратко, колку да не се живи, но да останат тврди за да можете да ги наредите. Во поголема шолја или тркалезен сад отпорен на топлина ставете 2 лажици сос од домати, распоредете рендана моцарела одозгора, потоа босилек, повторно моцарела, па повторно сос, а потоа наредете ги макароните така што тие да стојат исправено, па врз нив повторно ставете сос.

Тестенини во шолја: Брз и лесен ручек кој со сигурност ќе стане вашето омилено јадење

На крајот, додадете рендан пармезан и печете 15-20 минути на 200 степени Целзиусови. Поклопете ја шолјата со чинија наопаку, па свртете ја за да можете да го префрлите јадењето на чинија без да ви се распадне. Пред да почнете со јадење, ќе се воодушевите од разлевањето на кашкавалот и сосот врз макароните кога ќе ги префрлувате на чинијата! Совршено!

Погледнете го и видеото за да добиете подобра претстава како да го приготвите овој вкусен ручек…

Еве идеја и што да приготвите за утрешниот ручек: Пица во шолја готова за 2 минути!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар