Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светот

Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светот

Автор: Ивана Грујоска

Замислете си „бекпекер“. Сигурно веднаш помислувате на млади луѓе со износени фармерки и неверојатна издржливост. Но, „бекпекингот“ е многу повеќе од студенти кои прават пауза од студиите престојувајќи во некојси дотраен хостел. „Бекпекингот“ е симбол за авантурата и независноста, а покрај тоа е и еден од најевтините начини да се пропатува светот. Затоа постарите патници, оние со ограничен буџет, па дури и оние кои претпочитаат приватна бања и елитна храна не треба да го одбиваат начинот на патување на еден итар „бекпекер“.

Присвојте го начинот на размислување на еден „бекпекер“ и подобрете ги вашите тактики за патување. Во денешното неизвесно економско опкружување, лекциите за евтино патување што може да се добијат од „бекпекерите“ се бесценети. Од пакување со ултра лесна торба до пронаоѓање достапна храна и сместување, „бекпекерите“ навистина знаат како да патуваат.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светот

Лекција бр. 1 – Размислете за престој во хостел

Како зрела возрасна личност, можеби се плашите дека вашето присуство во хостел може да биде налик на присуството на сува слива во кошница полна со свежи јаболка. Меѓутоа, хостелите не се наменети само за младите. Како што растат цените на хотелските услуги, сè повеќе постари патници престојуваат во хостели, каде што, покрај другото, можат да се најдат и приватни соби со бања и чисти кревети, а за нив не е потребна ниту претходна резервација.

По дефиниција, хостелот нуди сместување слично како во студентските домови – заедничка спална со повеќе кревети. Но, како што со текот на годините хостелите добија на популарност, трендовските хостел-оператори ја проширија дефиницијата неговата дефиниција со вклучување на приватни апартмани, луксузна храна, модерен декор, базени, па дури и собна услуга. Во овој пример може да се вклучи хостелот „Oasis Backpackers’ Mansion“ во Лисабон, кој нуди сервис за перење и сушење алишта, бесплатен интернет и гастрономски вечери, како и хостелот „Oops!“ во Париз, кој има модерен стилски ентериер дизајниран од страна на реномиран графички декоратер.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотТрикот за пронаоѓање добар хостел е да го откриете пред да тргнете на пат. Проверете на  TripAdvisor.com, Hostels.com, HostelBookers.com или на некој друг реномиран сајт за преглед на хотели, чисто да се информирате подетално за вашиот потенцијален хостел. Додека некои хостели личат на трендовски „бутик хотели“ кои изобилуваат со приватност, другите се традиционални младински хостели, со по 10 луѓе во спална и преполни заеднички бањи.

Лекција бр. 2 – Пешачете

„Бекпекингот“ обично бара голема доза на сила и издржливост. Но, ако не сте тип кој сака планинарење или пак маратонско пливање низ реки и канали, тогаш воведувањето на рути за пешачење додека патувате е прифатлив начин да се предизвикате себеси. Како и со која било друга физичка активност, откако ќе ги поместите вашите граници и ќе стигнете на саканото одредиште, ќе доживеете голем налет на самодоверба.

Ставете го на една страна патувањето со воз или со автомобил, а на друга пешачењето до местото што сакате да го посетите. Се разбира дека долгата прошетка ќе ви овозможи близок и личен контакт со вашата локација. Националните паркови, средновековните градови и живописните крајбрежја најдобро ќе ги искусите ако одите пеш. Уште подобро, пешачењето е бесплатно (исто така и трчањето е доста пристапно, но зошто да се брза? :))Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотАко планирањето не е вашата силна страна, тогаш резервирајте си одмор кој вклучува тури со пешачење. Road Scholar е реномирана компанија која нуди пакет одмори за постари лица. На нивниот сајт  ќе најдете многу активни пакети кои вклучуваат доста пешачење и велосипедизам.

Но пред да го пропешачите целиот свет, бидете сигурни дека сте во форма. Почнете со пешачење неколку месеци пред патувањето за да се навикнете на подолги дестинации и ако имате некакви здравствени проблеми, консултирајте се со вашиот лекар пред да се впуштите во патување кое може да биде доста напорно. Обезбедете си добар пар удобни чевли и не прескокнувајте ја нашата следна лекција…

Лекција бр. 3 –  Не носете многу багаж

За да патувате како „бекпекер“, ќе треба да се спакувате како „бекпекер“. Речиси е невозможно да се пешачи на долги релации со куфер на тркалање или со гломазна рачна торба. Со намалување на багажот ќе ги избегнете и оние здодевни такси за носење екстра багаж што ги наплаќаат многу авиокомпании само затоа што ви го провериле багажот.

Па како бекпекерите патуваат со месеци по светот со само неколку килограми на нивниот грб? Едноставно – со пакување на мултифункциски предмети како што се пантолони кои се претвораат во шорц и комбинирано пакување на шампон и балсам заедно. Носат лесни ранци специјално направени да собираат повеќе, а да тежат помалку и пакуваат лесна, памучна облека во која телото може да дише. Набавете си квалитетна опрема за патување. Една од светски познатите продавници што се занимава исклучиво со продажба на опрема за патување е Magellan’s.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотАко сте во посета на некој голем град, информирајте се каде има градски перални за облека. Исто така, многу хостели и хотели имаат сопствени пералници. Уште поевтина алтернатива ви е да си носите мини пакување на детергент, да си ги исперете алиштата во мијалник и да ги оставите да се сушат преку ноќ :).

Лекција бр. 4 – Купувајте од самопослуга

Носењето лесен багаж не е добро само за да ги избегнете таксите, туку и затоа што ослободувате место во вашата торба за храна. „Бекпекерите“ имаат навика да ги бараат штандовите со разновидна храна, пазарите каде што се продаваат свежи продукти и локалните пекарници.

Ова е добро особено ако патувате низ Европа, каде што многу пристојни ресторани знаат да бидат и тоа како скапи. Затоа, купувањето автентична локална храна со пристапна цена од локална колонијална продавница е одлична идеја. На пример, купете си свеж багет и некое сирење во Париз, појдете во градината Tuileries за да ручате на отворено и добивате автентичен, а сепак пристапен париски оброк надополнет со еден од најдобрите погледи на градот.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светот

Лекција бр. 5 – Направете промена во вашата маршрута

Променете ја вашата маршрута малку. Или пак многу. Токму во тоа е спонтаноста на „бекпекингот“ – дава можност за долги и флексибилни одмори. Замислете си да имате резервација на повратна карта без назначен датум за враќање – ќе можете да ја истражувате вашата дестинација тогаш кога вам ви одговара и да се вратите тогаш кога ќе сметате дека треба. Иако повеќето од нас го немаат тој луксуз на неограничено време за патување, сепак може да си приграбите малку спонтаност. „Бекпекерите“ обично не се придржуваат кон некоја одредена маршрута во која е испланирана секоја минута од денот и обожаваат да ги менуваат плановите во последната минута. Но, тоа не значи дека тие се против внимателното планирање.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотПред да решите да патувате, испланирајте си ја вашата флексибилност. Послушајте ги препораките што ви ги дава локалното население или пак некои други патници и бидете подготвени да го промените вашиот распоред на патување. Резервирајте соба во хостел, но информирајте се и за другите области каде што има хостели, како и за местата кои нудат ноќевање со појадок. Ако планирате да одите во некој одреден град, истражете каде се наоѓаат некои места што сакате да ги посетите, а потоа направете си белешка за сместувањето, храната и превозот во близина. Кога на својот грб носите сè  што ви е потребно и сте подготвени да одите онаму каде што ќе ве однесе ветрот, тогаш зошто да не оставите простор за малку спонтано разгледување?

Лекција бр. 6 – Патувајте сами

Вистинските фанатици за патување обично патуваат сами и немаат придружник со кој би ги споделиле авантурите со кои ќе се сретнат по пат. Токму тоа е и сржта на „бекпекингот“ – тој е за слободата и личното истражување, тоа е начин на размислување за кој не ви е потребен придружник за поддршка кој се држи за вашата рака.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотЗагрижени сте дека нема да имате со кого да ги споделите авантурите кои ќе ги доживеете?  Размислете повторно – „бекпекерите“ знаат дека лесно може да се поврзат со другите патници или со локалните жители. Патувајте сами како „бекпекер“ и можеби ќе создадете нови пријателства кои нема да ги имате доколку патувате со друштво.Тајните на „бекпекерите“: топ совети за евтино патување низ светотЛесно можете да се запознаете со други патници во хостелите и местата кои нудат ноќевање со појадок. Таквите места често ги поттикнуваат активностите и интеракцијата помеѓу своите гости. На пример, „Hostel Inn“, ланец на хостели лоциран во Јужна Америка, нуди лекции за танго, часови по шпански јазик, градски тури и други активности на одредени локации. За разлика од повеќето хотели, хостелите обично имаат заеднички места каде што се игра шах, пинг понг и други друштвени игри и каде што се одвиваат долги разговори со другите патници. Дури и да се случи да сте највозрасните во собата, не гледајте на вашите сопатници како на незрели лица со кои немате ништо заедничко. Напротив, имате многу заеднички нешта – вклучувајќи ја желбата да заштедите пари, чувството за авантура, способноста за прераскажување на доживувањата и се разбира, она најважното – љубовта кон патувањето.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Михаела Reply

    и демек ова ефтино а? и јас би сакала вака, кој несака да го прошета светот за “беспари”? и ај ако знае некој – колку треба да се има најмалце во џебот за да се доживее една ваква авантура?

  2. eli Reply

    па, Михаела…не баш многу. Мислам дека со еве 1000 евра (колку што чини една од ретардираните апсолвентски екскурзии каде цело време си во автобус) ќе прошеташ неколку европски градови. За смештај, еве Австрија како поскапа, се наоѓа чист хостел со појадок по 20 евра од ноќ-Италија, Словачка, Унгарија се уште поефтини. Имаш и couch-surfing кое ти е бесплатен смештај. За храна, во сите овие земји имаш ланци на маркети каде храната е дупло поефтина од нашиве… А за ноќен живот, имаш од најефтино до најскапо а и има и многу локали каде се собираат патници. У секој град имаш Globe Trotters клуб. За музеи, годишна картичка од Icomos (моеш и од Скопје да ја извадиш) чини 20 евра. Превозот за млади лица е скоро сегаде половина од редовната цена, а можеш да си извадиш и нешто како неделна слободна карта за цел градски превоз. И да, негација во македонски јазик се пишува оддвоено…научи си го мајчиниот јазик, па после акај по белиов ни свет

    • Marina Reply

      Ти зборуваш учење на македонскиот јазик, а што ти бара на тебе тоа У наместо ВО? хахахахаа свашта шета по светов!

      • eli Reply

        Марина, тоа си е по скопски дијалект:) друго е да си го негуваш дијалектот на градот од кајшто потекнуваш, а друго е да не знаеш основни граматички правила. Тина, се согласувам, сумата не е мала, но сепак може да се заштеди за една година…..Абтобуските карти не се ефтини, ама тие за воз се. Од мое лично искуство, директните карти од Скопје се многу поскапи, поефтина варијанта е да се оди до Белград или Софија, па оттаму да се фати некоја врска…Сега има и ефтини летови, на пр. до Венеција има повратни за 25 евра. А инаку, самата статија е одлична, со многу полезни и интересни совети. Браво за авторот!

  3. Tina Reply

    Uf Eli,ama ti si se napnala nesto so komentarot pogore,zosto licno nekako go sfakjas?:)))))))mozebi mihaela e licnost koja e pomlada ili nema iskustvo vo setanje po svetot kako tebe! By the way 1000 evra i ne e nekoja suma koja e niska,barem ne e za pogolemiot del od nas,a za nekolku gradovi vo evropa da se posetat ni avtobuskite karti ne ni se eftini bas od tuka (osven ako ne predlagas da odime avtostop sami devojki ili sama mihaela da trgne so avtostop?) pozdrav i super e statijata, ne e eftino, no definitivno ovie soveti pomagaat i se zasteduva!

  4. Tina Reply

    I da, Eli, Evropa i Mihaela se pisuvaat so golema bukva, a posle zagradata trebase da stavam tocka.Se izvinuvam 😀

Остави коментар