Тајниот закон на човечката привлечност кој малкумина го знаат

Поголемиот дел од луѓето не се свесни за силата што ја поседуваат. Секогаш мислиме дека кога нешто неверојатно или необјасниво ќе се случи, тоа е само среќна случајност. Тоа покажува колку сите ние имаме ограничен начин на размислување, односно цврсто веруваме дека сѐ што ни се случува во животот е последица од некои надворешни фактори. Не можеме да прифатиме дека ние самите можеме да го обликуваме светот во кој живееме.

Тајниот закон на човечката привлечност кој малкумина го знаат

Светски познатиот невропсихијатар Ричард Дејвидсон од Универзитот во Висконсин спровел експеримент на 8 монаси будисти чии мозоци биле истражени додека тие се фокусирале на одредени чувства како радост, среќа и сочувство. Резултатите ги надминале сите очекувања на научниците.

Мозочната активност во левата хемисфера, која е одговорна за создавањето позитивни емоции, ја надминала активноста на десната хемисфера, одговорна за негативни емоции – нешто што дотогаш не било забележано при проучувањето на обичната ментална активност.

Според резултатите од ова истражување, може да се извлече еден многу важен заклучок: Голема е веројатноста дека структурата на мозокот, исто како и формата на телото, може да се промени со помош на силна волја.

Токму на ова се заснова законот на привлечност, кој за да го свртиме во наша корист треба да разбереме каков е односот помеѓу нашиот мозок и тело. За да го постигнеме тоа, треба да ги правиме следниве неколку работи…

Создадете вистинска поврзаност

Ние создаваме нови врски во нашиот мозок благодарение на знаењето кое го добиваме преку информациите, филозофијата и учењето. Секогаш кога учиме нешто ново, ние создаваме нова невролошка врска. Меморијата ја одржува врската и со секојдневно повторување, бидејќи невроните успеваат да ја разбудат кога ќе ни биде потребна.

Законот на привлечноста функционира на истиот начин. Ако секој ден во текот на две недели поминуваме по два часа во медитација и се фокусираме на една единствена мисла, како на пример на најдобрата или најсреќната верзија од себеси, ние ќе го истренираме мозокот да го зачува тоа во сеќавање.

Со секојдневно повторување на тоа како се замислувате во иднина, мозокот ќе ги регистрира овие мисли, ќе ги зачува во меморијата и со текот на времето ќе ја оживее личноста која би сакале да станете.

Пренасочувајте ги вашите мисли

Докажано е дека секој пат кога имате позитивна или негативна мисла, создавате хемиска реакција во вашето тело. Ова се случува затоа што чувствата и емоциите се крајниот производ на секое искуство, вистинско или замислено. Кога не доживуваме нова мисла, ние продолжуваме да се чувствуваме на истиот начин.

Колку подолго се држиме до одредена мисла, толку повеќе ја зголемуваме веројатноста за нејзино идно остварување, без разлика дали е позитивна или негативна. Доколку забележите дека вашиот ум го обземе едната иста негативна мисла, обидете се да внесете нови позитивни мисли кои ќе го променат хемискиот состав во вашето тело. Но, слично како кај одвикнувањето од зависност, телото ќе ја отфрла оваа промена и ќе сака да го надополни недостатокот од таа одредена хемикалија, со тоа што ќе испраќа сигнали до мозокот. Затоа е толку тешко да се ослободиме од негативните мисли и продолжуваме да живееме врз основа на поранешните зависности.

Тајниот закон на човечката привлечност кој малкумина го знаат

Тоа значи дека ние можеме да го промениме хемискиот состав во нашето тело со помош на мислите и на тој начин да се ослободиме од овие емоционални зависности и да се спречиме себеси да ги повториме истите негативни циклуси.

Обидете се да ги контролирате вашите чувства со помош на мислите

Ние живееме во општество каде умот е слуга на телото, а тоа прави да ја живееме нашата сопствена генетска судбина според која ништо ново не се случува.

За да ја создадете вашата сопствена реалноста треба да се оттргнете од ова автоматско програмирање и да ги пренасочите работите на тој начин што вашето тело ќе стане слуга на вашиот ум, а не обратно.

На пример, кога се чувствувате несигурни, почнувате да размислувате за тоа како се чувствувате. Потоа почнувате да се чувствувате онака како што размислувате и чувството станува начинот на кој размислувате. Кога ќе се случи ова, вашиот ум се претопува со телото и почнувате да размислувате како тело, а не како ум.

Во ваква ситуација не можете да мислите на ништо друго освен на тоа како се чувствувате, а ако се чувствувате лошо, тогаш и мислите лошо. Кога ќе можете да ја прекинете оваа врска помеѓу размислувањето и чувствувањето, ќе можете да размислувате како ум и ќе се развиете во личност која самата го создава својот живот.

Само кога ќе ги промените вашите мисли, ќе можете да го промените и вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар