Таа секој ден става коцки мраз во машината за перење: Ова се 5-те најдобри трикови за перење и пеглање досега!

Таа секој ден става коцки мраз во машината за перење: Ова се 5-те најдобри трикови за перење и пеглање досега!

Еве некои од најдобрите трикови за перење и пеглање што некогаш сте ги чуле, вклучувајќи и трик за поправање на искривениот шешир или враќање на неговата оригинална форма, како и обновување на бојата на избледена облека!

Таа секој ден става коцки мраз во машината за перење: Ова се 5-те најдобри трикови за перење и пеглање досега!

Еден експерт открива 7 одлични трикови кои може да ги примените при перење!

1. Како алиштата да не се гужваат

Ставете неколку коцки мраз во сушарата за облека и вклучете ја на средна програма околу 15 минути. Мразот ќе се стопи и ќе се претвори во пареа што ќе ги неутрализира сите набори на облеката.

2. Вратете ја формата на деформираниот шешир

Ставете водата да зоврие во помало тенџере, а потоа намалете ја температурата и ставете го шеширот како капак. Пареата ќе ја врати неговата првобитна форма! Се разбира, внимавајте рабовите на шеширот да не ја допираат ринглата и шеширот да не пропадне во водата. Проверете дали дијаметарот на шеширот одговара на дијаметарот на тенџерето.

3. Солта ја враќа избледената боја

Додајте 150 г сол во машината и исперете ги алиштата на вообичаен начин. Овој метод ѝ ја враќа бојата на избледената облека, но исто така, спречува и другите алишта да ја изгубат својата оригинална боја.

Ова е сосема безбеден метод и можете да го користите секојпат кога перете, но не користете крупна морска сол. Покрај бојата, солта ќе се погрижи и за дамките, особено од пот, слуз или крв.

Дамки од крв се отстрануваат со хидроген, а дамките од пенкало со млеко.

4. Јаката од кошулата испеглана како под конец

Дури и кога е убаво пеглана, јаката на кошулата не секогаш изгледа совршено. Пеглата за коса тогаш може да ви дојде при рака во овој случај. Само внимавајте кошулата да не ја изложувате предолго на топлината од пеглата за коса за да не ја запалите ткаенината.

5. Вратете ѝ ја оригиналната големина на памучната облека што е смалена

Памукот е најлесно да се врати во првобитната големина, а сè што ви треба е шампон за бебиња. Потопете ја смалената облека во сад во млака вода и додадете 2 лажици шампон за бебиња. Оставете ја облеката да отстои половина час.

Ставете го секое парче облека директно на пешкир, а потоа завиткајте го додека облеката е сè уште влажна. Потоа, внимателно одвиткајте го парчето облека и оставете ја да отстои додека не се исуши. Така би требало да се врати во првобитната големина.

Можеби сакате да дознаете и зошто вашите садови остануваат валкани и по миењето во машината за садови?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар