Станете личност која секој ќе ја сака во своја близина

Дали некогаш сте се запрашале зошто луѓето најмногу внимание посветуваат само на одредени поединци? Без разлика дали станува збор за работното место или во вашето друштво, секаде постојат луѓе на коишто им се посветува повеќе внимание од останатите. Постојат неколку причини зошто луѓето не се приближуваат многу кон одредена личност, без разлика што таа може да е пријателски настроена и интересна.

Некои од причините поради коишто луѓето не ви се приближуваат се следниве:

  • Постојано сте намуртени и имате непријатен изглед на вашето лице. Ова веднаш ги оттргнува луѓето од вас. Тие ве гледаат како несреќни и негативни, а тоа воопшто не изгледа привлечно.
  • Постојано критикувате и осудувате. Повеќето луѓе не сакаат да бидат предмет на ваша критика или осудување, ниту пак сакаат да слушаат такви мислења за останатите.
  • Говорот на телото покажува дека сте затворени. Ако се наоѓате во една соба и притоа сте со рацете прекрстени, тоа дава сигнал дека не сакате да ви пречат и дека не сте достапни.
  • Избегнувате контакт со очите. Ако гледате во земјата или некаде во далечината, луѓето не би можеле да го читаат вашиот израз на лицето и ќе ве одминуваат.
  • Ставате бариери. Дури и држењето на чашата пред вашата уста дава впечаток дека не сакате да зборувате со никого. Затоа, држете ја чашата во висина на вашите гради или пак од страната.

Еве неколку совети како да изгледате подостапни за другите:

1. Подарете некому комплимент

Кога давате некому комплимент, вие оставате впечаток дека сте заинтересирани за комуницирање со таа личност, а тоа ќе ви даде дополнителен позитивен изглед. Сепак, бидете сигурни дека вашиот комплимент е реален и дека не претерувате премногу. Доделувањето комплименти може да предизвика насмевка на нечие лице, а со тоа да го подобрите и вашиот ден.

2. Насмевнете се

Колку повеќе се смеете, толку повеќе ќе изгледате пријателски расположени. Истражувањата покажуваат дека луѓето честопати имаат тенденција да го имитираат туѓиот израз на лицето, па ако имате навика да им се насмевнувате на другите, најверојатно ќе предизвикате насмевка и на нивното лице.

3. Ангажирајте се околу другите

Не настојувајте постојано да бидете во центарот на вниманието, туку охрабрете ги другите на тој начин што ќе ги слушате нивните приказни. На овој начин тие ќе ве доживеат како одличен слушател и позитивен човек.

4. Настојувајте да изгледате отворени и пријателски настроени

Многу е важно да обрнете внимание на говорот на телото и контактот со очите. Не дозволувајте поголемиот дел од времето да гледате во вашиот телефон или пак, да му го вртите грбот на соговорникот. Исправете ја главата при што јасно може да ви се види лицето и додека зборувате одржувајте контакт со очите.

5. Обидете се да бидете позитивни

Она што го зборувате за другите, влијае на начинот на којшто ве гледа вашиот соговорник. На пример, ако за вашиот соработник кажувате пофални зборови, тогаш соговорникот ќе ве доживува како достојна и пријатна личност.

6. Пренесувајте ја вашата енергија

Всушност, постои феномен наречен емоционална зараза, каде што луѓето „ги фаќаат“ туѓите емоции, а секако, тие повеќе би сакале да прифаќаат позитивно и оптимистичко расположение. Затоа, претставете се себеси како топла личност и другите ќе ве обожаваат.

7. Настојувајте да помните имиња

Повикувајќи некого по неговото име е многу важен дел од еден разговор. Тоа покажува дека сте ја забележале таа личност.

Па, почитувајте ги овие совети и вие ќе станете магнет за другите околу вас!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар