Со овие 5 видови храна до одлично тело за на плажа

Летната сезона набрзо почнува, а тоа значи дека доаѓа и времето на бикините и шорцевите за пливање. Погрижете се вашиот стомак да биде совршено рамен, а вашата кожа исклучително сјајна така што ќе ги вметнете наредниве 5 видови храна во вашите секојдневни оброци:

5 видови на храна до одлично тело за на плажа

Ананас

Ананасот е совршеното летно овошје. Тоа е преполно со влакна кои ве одржуваат сити и на тој начин ви помага да намалите со нездравата исхрана. Ананасот исто така содржи и голема количина на витамин Ц, кој ќе ви помогне при создавањето на колаген кој ја одржува вашата кожа затегната, го поддржува имунитетот и истовремено ќе ве заштитува од воспаленија. Исто така, ензимите кои се наоѓаат во ананасот ќе му помогнат на вашиот желудник при варењето на храната и ќе ги намалат гасовите.

5 видови на храна до одлично тело за на плажа

Краставици

Сонцето и морето можат да ја направат вашата кожа сува, а вашата коса лесно кршлива, па токму затоа многу е важно да останете хидрирани. Краставиците се составени од неверојатни 96% вода кои ќе ве одржуваат сити без да внесувате многу калории. Тие се природни диуретици и ќе го спречат надувувањето кое настанува од преголемо конзумирање на вода, па токму затоа вашиот стомак ќе изгледа одлично во бикини.

5 видови на храна до одлично тело за на плажа

Темнозелен зеленчук

Темнозелената салата е одлична за вас, без разлика на сезоната. Таа е идеален начин да ја внесете потребната дневна количина на витамини и минерали (витамини А, Ц, К, калциум, магнезиум, железо…) за вашето тело да може да функционира оптимално. Исто така можете да ја наполните вашата чинија со темнозелени зеленчуци без да се плашите за внесувањето на многу калории. За најдобар ефект се препорачува темнозелениот зеленчук како спанаќот и брокулите.

5 видови на храна до одлично тело за на плажа

Нане

Оваа освежувачка билка може да ви понуди многу повеќе од освежување за време на летото. Таа исто така помага при намалување на надувувањето како и при варењето така што го смирува вашиот дигестивен тракт оставајќи ве со рамен стомак кој гордо ќе го покажувате во бикини или шорцеви за пливање.

5 видови на храна до одлично тело за на плажа

Диња и лубеница

Исто како и краставиците, дињите се преполни со вода и се одлични во борбата против дехидрација. Дињата ќе ја намали вашата потреба за благо и истовремено ќе ви овозможи здрава количина на витамини и антиоксиданси. Од друга страна пак, лубеницата содржи огромно количество на ликопек кој се бори против воспалија.

5 видови на храна до одлично тело за на плажа


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар