Смачено ви е од тоа постојано да се чувствувате уморни? Еве како да се справите со заморот!

Смачено ви е од тоа постојано да се чувствувате уморни? Еве како да се справите со заморот!

Иако екстремниот замор може да се јави како резултат на одредена здравствена состојба, сепак тој може да биде поврзан и со мали, секојдневни аспекти. Во продолжение прочитајте ги кои се најчестите причини за замор и како да се справите со истите.

Смачено ви е од тоа постојано да се чувствувате уморни? Еве како да се справите со заморот!

1. Стрес

Сакале или не, стресот е дел од животот и е нешто што не можете целосно да го елиминирате. Сепак, не занемарувајте го фактот дека хроничниот стрес може да доведе до појава на физички и ментални проблеми, вклучувајќи го и проблемот со спиење. Премногу стрес го прави вашето тело ранливо на болести, главоболки, мускулна напнатост и анксиозност. Обидете да се ослободите од стресот преку овие активности: длабоко дишење, медитација, јога, вежбање, Таи Чи, релаксација.

2. Прекумерна употреба на енергетски пијалаци

Енергетските пијалаци се богати со шеќер и кофеин, па така тие се вашиот прв избор особено доколку сакате да останете будни. Но, прекумерната употреба на пијалаци со висока содржина на кофеин може да придонесе само да се чувствувате уште поуморни. Наместо тоа, обидете се со кафе или чај кои содржат помалку кофеин од енергетските пијалаци, а можете и да ја контролирате количината на шеќер што ќе ја внесете. И секако, не занемарувајте ги придобивките на водата за вашиот организам.

3. Мала физичка активност

Истражувањата покажале дека редовното вежбање придонесува за повеќе енергија и помалку замор. Доволно е да одвоите 20 минути во текот на денот на вежби со низок до умерен интензитет. Ви гарантираме дека после вежбањето ќе се чувствувате поенергични!

4. Недоволен сон

Доколку ви требаат повеќе од 30 минути за да заспиете, ако честопати се будите навечер или ако останувате будни повеќе од 20 минути во текот на ноќта, тогаш навистина имате проблеми со спиењето. За да го подобрите квалитетот на сонот не консумирајте тешка храна или алкохол и избегнувајте кофеин и никотин пред спиење, спијте во тивка и удобна соба, а доколку не можете без пладневна дремка, нека не биде подолга од 20 минути.

5. Недоволно консумирање протеини

Едно истражување покажало дека испитаниците чие мени било богато со протеини не се жалеле толку често на замор за разлика од оние чија исхрана содржела сосема мала количина на протеини. Риба (особено пастрмката, туната, сардината, лососот, скушата и харингата, богати со омега-3 киселини), пилешко месо, млечни производи, грав, јаткасти плодови и производи од соја се само дел од намирниците кои се богат извор на протеини.

6. Дехидратација

Водата е од витално значење кога станува збор за одржувањето на имунитетот. Така, не е воопшто за чудење тоа што студиите покажале дека дехидратацијата е поврзана со нарушена мускулна сила, издржливост и зголемен замор. Пијте повеќе вода во текот на денот за да не наидете на симптоми на дехидратација како сува кожа, замор, вртоглавици, главоболки и жед.

Откако ги прочитавте нашите совети за справување со заморот, можеби ќе сакате да прочитате и за трите начини за борба против „дигиталниот замор“.

Извор: thegreatist.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар