Следете ги дури и вашите најлуди соништа

Следете ги дури и вашите најлуди соништа

Дозволено ви е да ги следите најлудите соништа, и следете ги токму нив бидејќи ќе се каете ако им дозволите само да поминат покрај вас. Ќе се каете затоа што сте им давале отпор. Ќе се каете што сте одбрале удобен живот наместо живот што ќе ве исполни. Ќе ви биде криво што работите просечна работа која ве прави мизерни кога сте можеле да заработувате правејќи нешто што го сакате.

sledete-gi-duri-i-vashite-najludi-sonishta-kafepauza.mk

Дозволено ви е да одлучите дека животот зад биро не е за вас. Дозволено ви е да кажете „НЕ“ на работата која има најмногу смисла, која бара најмалку труд и која е најбезбедната опција. Дозволено ви е да не ја следите кариерата која ви ја наметнувале родителите уште од кога сте биле мали. Дозволено ви е воопшто да не ја искористите универзитетската диплома за барањето работа.

Дозволено ви е да се премислите откако ќе дипломирате, откако ќе станете возрасни. Верувајте дека никогаш не е предоцна. Направете нешто за себе за промена. Слободно игнорирајте ги луѓето кои ви велат дека следењето на вашето срце е лоша идеја. Игнорирајте ги кога ви велат дека не сте доволно добри за успех. Дозволено ви е да ги игнорирате кога ќе ви кажат да се откажете.

Дозволено ви е да ризикувате дури и ако тоа значи дека ќе ви фали некој денар за кирија на крајот на месецот. Дозволено ви е да ги следите дури и најлудите соништа, иако другите ќе ве судат за тоа. Следете ја вашата страст дури и ако треба да поминете низ пекол за да го добиете она што го сакате.

Дозволено ви е да го правите она што го сакате, дури и ако тоа значи да го напуштите вашиот голем стан и да најдете некој помал. Дури и ако треба да барате попусти и акции некое време. Дури и ако треба да работите подолго, а да имате помали паузи.

Дозволено ви е да живеете живот кој ве прави среќни. Сакајте ја вашата кариера. Дозволено ви е да бидете од оние ретките луѓе кои велат дека ќе продолжат да ја работат нивната работа, дури и да не се платени, бидејќи тоа ги прави среќни.

Не треба секое утро да се будите и да молите за уште некоја минута сон. Не треба да ги одбројувате саатите до крајот на работното време. Не треба да ги презирате понеделниците. Не треба да сонувате за одмор. Не треба да го мразите она што го работите. Не треба да поминувате 40 часа неделно чувствувајќи се мизерно.

Дозволено ви е да бидете храбри и да ја искористите шансата. Дозволено ви е да верувате дека еден ден ќе успеете. Направете нешто лудо. Дозволено ви е да ги следите дури и вашите најлуди соништа.

За уште малку инспирација, погледнете што ќе се случи доколку ги следите вашите соништа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар