Силните жени одбиваат да се грижат за непотребни работи

Силните жени одбиваат да се грижат за непотребни работи

Кога ќе надминете голем број потешкотии и животни предизвици, престанувате да се грижите за работите што не можете да ги контролирате. Имаме само еден живот и во никој случај не треба да го потрошиме во постојано грижење. Нашите секојдневни грижи воопшто не се важни ако размислите подобро. Единствената моќ што ја имаат овие проблеми се онаа што ние ќе им ја дадеме. Ние им дозволуваме на работите да ни пречат. За да го живеете животот со полни гради, не смеете да се грижите за глупости. Ова се 11-те работи за кои силните жени одбиваат да се грижат…

Силните жени одбиваат да се грижат за непотребни работи

1. Не се грижат дали се вклопуваат некаде

Тие не сакаат да се вклопат. Задоволни се такви какви што се. Ако мислите дека се издвојуваат од толпата, најверојатно сте во право.

2. Не се грижат за социјалните мрежи

Тие не сакаат постојано да дремат на Фејсбук или Твитер и да објавуваат информации за нивниот живот. Иако имаат профили на социјалните мрежи, тоа не значи дека ќе го објавуваат секој нивен потег. Многу ги нервира таквата навика и не ја практикуваат.

3. Не се грижат за непотребните драми

Не си го трошат времето на озборувања и драми. Ако почнете да им зборувате за некои глупости што не ги интересираат, веднаш ќе ве замолчат. Држете ја драмата настрана од нив.

4. Не се грижат за туѓите чувства

Не сакаат да знаат колку сте вознемирени поради работи што не можат да ги променат. Доколку сте им доволно блиски, тие секако дека ќе се грижат за вас, но без размислување ќе ви кажат дека ги преувеличувате работите. Ако ви треба нивниот совет, ќе ја добиете само суровата вистина, без разлика дали ви се допаѓа тоа или не.

5. Не се грижат дали имаат совршено тело

Задоволни се од нивниот изглед. Не сакаат да бидат ниту премногу слаби ниту премногу дебели. Ако забележите нешто погрешно во врска со нивниот изглед, можете само да си бркате работа.

Силните жени одбиваат да се грижат за непотребни работи

6. Не се грижат дали се во право или не

Тие никогаш нема да се караат со часови околу тоа кој е крив, а кој е во право. Силните жени ќе станат и ќе си одат, доколку караницата трае премногу долго. Нивното време е премногу драгоцено за да го трошат залудно.

7. Не се грижат за туѓите мислења

Можете да мислите што сакате за нив. Не мора да ви се допаѓа секој човек што ќе го сретнете. Силните жени го знаат тоа. Освен тоа, постои голема веројатност дека ниту вие не им се допаѓате ним.

8. Не им е гајле зошто лажете

Не им е гајле зошто лажете. Ним важен им е само фактот дека сте излажале. Силните жени не толерираат лажливци и нема да ве задржат во нивниот живот. Тие немаат време за глупости.

9. Не им е гајле ако сте љубоморни

Не им гајле ако го сакате она што го имаат или ако посакувате да бидете на нивно место. Тие не се тука за да ви угодат. Не сте толку важни колку што мислите.

10. Не се грижат за грешките што ги направиле

Тие ги надминале грешките што ги направиле во минатото. Си ја научиле својата лекција и подготвени се да ги заборават своите гревови. Знаат дека потсетувањето на грешките нема да им донесе ништо добро во животот.

11. Не се грижат за вашето самосожалување

Нема да се растажат, само затоа што вие сте тажни. Силните жени немаат време да ги слушаат туѓите поплаки и жалби. Никогаш немојте да се самосожалувате пред нив, бидејќи нема да ја добиете потребната утеха.

Доколку се пронајдовте во овој текст, дознајте ги 10-те нешта за кои силните жените никогаш не се извинуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар