Сигурно ги познавате: Ова се 4-те најчести типови врски

Не можеме да ја планираме љубовта, таа едноставно се случува и веќе следен чекор е вашата четка за заби да добие „друштво“ во бањата, а последните 5 пропуштени повици да се од иста личност. И така, случајно, две личности стануваат пар со специфични карактеристики според кои се препознатливи во нивното друштво.

Сигурно ги знаете: Сигурно ги познавате: Ова се 4 најчести типови на врски

Но, иако врските се сложени, ние успеавме да ги групираме во 4 категории:

Секогаш подготвени за акција

Одење по забави, фестивали, планини – сето ова го прави оваа активна двојка. Ним секогаш им се случува нешто и тие ретко се дома. Секогаш се добредојдени на сите случувања затоа што едноставно носат позитивна енергија и прават добра атмосфера. Секогаш можете да ги побарате ако немате друштво за излегување или ако ви е потребен кревет за преноќување. Но и на овој пар понекогаш му е потребен момент на мир и релаксација, па понекогаш си приредуваат романтична вечер дома за да ги „наполнат батериите“ за нови авантури.

Интровертни интелектуалци

Кога во врска влегуваат двајца интроверти, сигурно е дека станот нема да биде долго празен. Тој станува нивно засолниште, каде тие се осознаваат меѓусебно, гледаат серии или филмови, готват или разговараат за бесконечноста на универзумот. Тие се силно поврзани  и си се доволни еден на друг. Сепак, тоа не значи дека интровертите немаат потреба од дружење. И тие понекогаш имаат излив на енергија која ја користат за дружење со пријателите или на некоја авантура.

„Зелен“ пар

Во нивниот фрижидер доминира зелената боја и тешко го прифаќаат фактот дека нивната омилена храна се пакува во пластика. Ако ви се соседи, нема да можете да позајмувате шеќер од нив. Тие ќе ве инспирираат да започнете да живеете и јадете здраво. Со шолја внимателно избран чај, со задоволство ќе ви ги пренесат сите трикови и совети што ги знаат за здравиот живот. Со нив ќе станете подобар и посвесен жител на Земјата и вашиот имунитет ќе ви биде благодарен.

Фитнес пар

Лесно е да се препознае станот на фитнес пар. Тука се подлогите за вежбање, справите за истегнување, патиките за трчање, хулахопите, теговите, рекетите, протеините… Списокот нема крај. Кога оваа насмеана двојка ќе ве заобиколи на скалите на 5-тиот кат, а вие земајќи длабок здив  едвај успевате да кажете „Здраво!“, значи дека од утре треба да започнете да трчате со нив! Тие поминуваат многу време во вежбање, но затоа добиваат неверојатна линија и тен, што покажува дека тие внимаваат на себе и своето здравје.

Можеби сакате да прочитате и кое е најдоброто време за водење љубов, а еве и зошто?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар