Шумливи топчиња за капење: Дали може да ѝ наштетат на слузницата на вагината?

Шумливи топчиња за капење: Дали може да ѝ наштетат на слузницата на вагината?

Ништо не може да ве релаксира повеќе од пенлива бања и чаша вино. Но, дали последицата од таквото уживање може да биде вагинална инфекција и како да се спречи тоа?

Шумливи топчиња за капење: Дали може да ѝ наштетат на слузницата на вагината?

Разните купки, шумливите топчиња за капење, природните сапуни и сапуните од есенцијални може да го направат вашиот домашен спа-центар попријатен. Но, дали овие состојки се пријатни и за чувствителната слузокожа на вагината?

Некои жени успеваат да користат такви додатоци за капење без никаков проблем. Меѓутоа, ако имате малку почувствителна интимна област или сте во некој од чувствителните женски периоди (бременост, перименопауза, менопауза, хормонална нерамнотежа), постои можност за вагинални инфекции, уринарни проблеми и иритации на вагиналната слузница. Сето тоа зависи од состојките во вашата бања.

Зошто купките и сапуните ја оштетуваат вагината?

Вагината е орган што сам си ја одржува внатрешната чистота. Затоа има многу чувствителен екосистем. Многуте микроорганизми, вклучувајќи ги добрите бактерии, се грижат за вагиналната слузница секојдневно.

Затоа, кога внесувате некоја состојка, мора да бидете многу внимателни за да не го вознемирите овој екосистем.

Кои состојки да ги избегнувате?

На списокот на состојки што може да ѝ наштетат на вагиналната флора се наоѓаат:

  • прашоци
  • ароми и мириси
  • парабени
  • глицерин

Секогаш проверувајте дали овие состојки се наоѓаат во производите што ги користите бидејќи многу производи со етикета „природно“ ги содржат овие состојки.

Кои состојки се најдобри?

Исто како што има состојки што треба да се избегнуваат, така има и состојки што нема да ви создадат никакви проблеми. На пример, можете да користите мала количина есенцијални масла или внимателно да додадете сол за капење.

Погледнете како сами да направите мирисливи и шарени кугли за капење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар