Што значи ако се разбудите чувствувајќи се депресивно без причина и што можете да направите?

Дали и ова утро ви беше такво? Дали повторно бевте депресивни без некоја причина? Дали можеби ова се повторува пречесто, па се прашувате што се случува? Можеби животот ви е одличен, вашите врски се среќни, здравјето и работата ви се добри, но сепак поради некоја причина се чувствувате депресивно.

Што значи ако се разбудите чувствувајќи се депресивно без причина и што можете да направите?

Постојат неколку работи што можете да ги направите, а што ќе ви помогнат да сфатите што навистина се случува. Од голема важност е да се ослободите од депресијата, а кога ќе ја знаете причината ќе ви биде многу полесно.

1. Погледнете преку прозорецот

Верувале или не, годишните времиња имаат навистина големо влијание на расположението, па можеби токму тоа ве прави депресивни. Сезонското депресивно нарушување е предизвикано од промената на сезоните. Некои луѓе се чувствуваат депресивно поради намалувањето на денот, а некои поради промената на температурата.

Можеби најефективниот начин да се справите со ова е ламба со цел спектар. Оваа ламба ќе му помогне на вашето тело да се адаптира на промената на сезоните со тоа што ќе го изложува на целиот спектар на светлината.

Исто така размислете дали ви се случило нешто во овој период, како болест или смртен случај. Можно е целата сезона да ве потсетува на тој настан, па да се чувствувате лошо.

2. Проверете ја тироидната жлезда и нивото на витаминот Д

Најголемите причинители за депресија можат да бидат нивото на тироидните хормони и ниското количество на витаминот Д во телото. Кога рамнотежата на тироидните хормони е нарушена се појавуваат разни симптоми, од кои еден е депресијата.

Недостатокот од витамин Д исто така често е одговорен за појавата на симптоми на депресија. Во постудените месеци секој чувствува недостаток од сончева светлина. Бидејќи витаминот Д го добиваме од сонцето, намаленото изложување на сонце значи и недостаток од овој витамин

И во двата случаи тестирањето е навистина едноставно, а вашиот лекар ќе ви помогне да се справите со состојбата.

3. Дали водите добра грижа за себе?

Дали се храните добро? Дали вежбате? Дали се дружите со пријателите? Ако одговорот е не, можеби тоа е причината што се чувствувате лошо. Грижата за менталното и физичкото тело е клучна за менталното и физичкото здравје. Ако не се грижите за себе и живеете од вино и сладолед, кога-тогаш вашето тело ќе почне да реагира. Телото што не е добро нахрането и што не е активно ќе почне да се врти против себе и да предизвика разни проблеми, вклучувајќи и депресија.

Па ако одеднаш сте се почувствувале депресивно, размислете каква грижа водите за себе. Ако не сте многу добри во таа област, обидете се да направите некаква промена.

4. Дознајте за разните видови депресијата

Постојат два основни вида депресија – ситуациска и хемиска депресија. Симптомите им се слични, но имаат разни причинители.

Ситуациската депресија е предизвикана од нешто што се случило или се случува во вашиот живот. Кога ќе се случи нешто големо што ве прави тажни, како смртта на родител, развод или губење на работното место, може да се појави ситуациска депресија. Обично овој вид депресија има почеток, одредена причина и крај и често се третира различно од хемиската.

Хемиската депресија е резултат од нарушување на рамнотежата на хемијата во вашиот мозок. Најчесто сте родени со хемиска депресија, но може да се „активира“ и од некој трауматичен настан. Оваа депресија може да се појави и кога сè во животот ви оди одлично. Добар начин да откриете дали имате или немате хемиска депресија е да си ги поставите следниве прашања.

  • Дали живеете со чувства на тага, празнотија и безнадежност?
  • Дали сте пораздразливи од обично?
  • Дали сте изгубиле интерес во нештата што ве правеле среќни?
  • Дали имате проблеми со спиењето?
  • Дали има промена во начинот на спиење? Дали минувате повеќе време во кревет?
  • Дали има промена во начинот на исхрана? Дали сте ослабеле или сте се здебелиле?
  • Дали сте поанксиозни од обично?
  • Дали се чувствувате безвредно?
  • Дали ви е тешко да се фокусирате?
  • Дали размислувате за самоубиство?
  • Дали имате нови физички проблеми, како главоболки и болки во грбот?

Ако одговорите потврдно на повеќето прашања, можеби страдате од хемиска депресија.

5. Побарајте помош

Без разлика со каква депресија се соочувате, од голема важност е да побарате помош. Без страв раскажете му на вашиот лекар што чувствувате и тој ќе ви каже што понатаму.

Многу луѓе се соочуваат со срам кога имаат депресија. Мислат дека треба да можат да ги потиснат чувствата и да се справат со нив како и секој друг. Но, никој со депресија не може да ги потисне чувствата и често луѓето се лекуваат „на своја рака“ со алкохол или лекови што не им се препишани, наместо да побараат помош од професионалец.

Што и да правите, немојте да ги игнорирате симптомите на депресија и да се надевате дека ќе помине. Депресијата само се влошува доколку не се третира, па колку побрзо делувате, толку подобро за вас.

Погледнете и кои се 7-те знаци за депресија што не смеете да ги игнорирате.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Цвета Reply

    Текстот ви е прилично лошо преведен од англиски!!!
    Покрај поситните грешки најголема е: Не постои нешто како „временски сезони“. Англискиот текст вели годишни времиња. Некој што е постручен по психијатрија или психологија а не е некој професионалец по јазици, ќе помисли дека сакате да кажете дека временските зони (различните саати во разни држави во даден момнет) се причина за депресија…

Остави коментар