Што учиме за пријателствата како возрасни?

Што учиме за пријателствата како возрасни?

Како што растеме учиме многу животни лекции, меѓу кои и важни лекции за пријателствата, кои се неизбежен дел од нашите животи. Еве што учиме за пријателствата како што чекориме во светот на возрасните.

Што учиме за пријателствата како возрасни?

Пријателствата, како и врските, бараат компромис

Луѓето се различни и не секој кој ќе го запознаете ќе има исти или слични мислења и ставови со вас. Не можете од вашите пријатели да барате секогаш и за сè да се согласуваат со вас, напротив. Вие ги запознавате, проценувате до кој степен се разликувате и дали може да се носите со разликите меѓу вас и потем се прифаќате едни со други. Пријателствата, слично како и врските, бараат компромис. Не можете да избувнувате при најмала ситница и несогласување со пријателот бидејќи секој има право на свое мислење. Ова е дефинитивно една од најважните лекции за пријателството што ја учиме како повозрасни.

Вашиот/ата колега/колешка може да ви биде и најдобар пријател, сè додека тоа не ја загрозува вашата професионалност

Кога станува збор за пријателството, забавата и работата може да се измешаат. Нема ништо лошо во тоа интензивно да минувате време со колегата од работа и истата таа личност да ви стане најдобар пријател. Всушност, тој/таа нема да се фрустрира кога зборувате за работа бидејќи и самиот/ата е во истата „каша“. На работното место минувате доста време и сосем нормално е да се поврзете со некоја личност со која делите слични интереси и за која чувствувате блискост. Тоа не значи дека ќе бидете полоши или помалку професионални на работното место, токму напротив, ќе внесете повеќе позитива во работата која ја извршувате и ќе бидете помотивирани. Она што не смеете да дозволите е да ја запоставите работата или да почнете да се натпреварувате и воедно да го уништите вашето пријателство.

Што учиме за пријателствата како возрасни?

Не значи дека сите ваши пријатели мора и меѓусебно да бидат пријатели

Веќе во вашите 20-ти, ако не и порано, сфаќате дека и покрај сите ваши напори, не можете да ги споите сите ваши пријатели во едно друштво. Тоа би било совршено, но факт е дека не секој од вашите пријатели е компатибилен со другиот. Вашата колешка од работа може да не се согласува добро со вашата другарка од средно и тоа е во ред. Нема потреба да се ставате себеси под толкав притисок. Секако, и двете ќе бидат тука на важен настан во вашиот живот, но не значи дека ќе станат најдобри пријателки поради вас.

Вложувањето во пријателството не е само добра работа, туку е и неопходна

Тоа што станале ваши пријатели не значи дека што и да направите односно да не направите, тие ќе продолжат да ви бидат пријатели. Вашата незаинтересираност може да ги оддалечи луѓето од вас и тие да престанат да се трудат бидејќи и вие не вложувате. Задолжителните роденденски подароци, појавувањето на врата кога пријателот е тажен, лудите ергенски забави и изненадувања се само дел од вашите „обврски“ како пријатели. Не очекувајте да ги имате пријателите покрај вас ако не вложувате во вашето пријателство.

Вашите возрасни пријателства нема да бидат исти како вашите тинејџерски пријателства

Не можете да очекувате вашата пријателка да минува цел ден кај вас дома бидејќи има обврски и веќе не сте тинејџери. Пријателствата со тек на време се менуваат, исто како што и луѓето растат. Но тоа не мора да значи дека не се вистински пријателства или дека се помалку силни. Всушност, кога ќе размислите подобро, како тинејџери сте негувале навистина неискрени и токсични пријателства, но како возрасни сфаќате дека имате моќ на правилно расудување и ги одбирате вистинските, оние кои го заслужуваат вашето пријателство. Така што, да, пријателствата кои ги имате како возрасни се различни од оние кои ги имавте како тинејџери, но тоа може да биде добра работа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар